Македонија
Царовска: 100 години Филозофски факултет e јубилеј што го покажува огромниот научен потенцијал

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на официјалното отворање на Меѓународната конференција по повод 100 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје, што се одржува во Струга, преку онлајн обраќање рече дека одбележувањето на овој исклучително значаен јубилеј за високото образование и наука во нашата држава говори за долгогодишната традиција и огромниот научен потенцијал во доменот на хуманистичките и општествените науки што го има нашата држава.
„Плејадата на млади умови, студенти, истражувачи, професори кои низ годините се создадени како кадар кој произлегол од Филозофскиот факултет го граделе и ден денес го градат нашето општество низ неговите клучни гранки: културата, науката, образованиот, социјалниот, безбедносниот систем. Исходите од влијанијата на кадрите и научниот придонес кој произлегува од Филозофскиот факултет е доказ дека без високото образование не може да функционира ниту една друга инстанца во општеството. Развојот и тоа особено инклузивниот и одржливиот развој на општеството е несомнено поврзан со она за што Филозофскиот факултет се залага преку своите стратешки научно-наставни програми“, посочи Царовска.
Конференцијата носи наслов „Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“. Министерката Царовска укажа дека преку насловната тема го гледаме севкупниот стремеж на факултетот – нe наука само заради наука, туку наука заради подобро општество за сите.
Обраќајќи им се на учесниците на Конференцијата, министерката Царовска побара од научните работници од високото образование придонес во креирањето на идните насоки и мерки и учество во подобрувањето на инклузивниот пристап до високото образование, така што никој нема да биде изоставен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.