Контакт

Македонија

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Објавено пред

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по, како што велат, скандалозната одлука поврзана со директорот на АНБ, Бојан Христовски, и неговата спорна диплома.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека е алармантно откритието оти членката на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и реферира дека сè е во ред со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје – институцијата што ја издала спорната диплома.

„Со пријава до ДКСК оспорена е диплома од универзитетот на кој Ристовска била професорка во време кога Христовски дипломирал во рок од една година. Ова претставува уште еден основ за директен судир на интереси, што е во спротивност со етичкиот кодекс на ДКСК, каде што јасно е наведено дека членовите не смее да одлучуваат за предмети во кои постои судир на интереси (член 9). Не смее да има ниту најмал сомнеж за конфликт на интерес кај оние што треба да се борат против конфликтот на интерес“, рече Кузеска.

Според СДСМ, Ристовска требало да биде изземена од овој случај, а ДКСК треба да биде пример, а не да остава впечаток дека штити кого било.

Партијата бара и повлекување и преиспитување на одлуката за случајот со дипломата на директорот на АНБ, како и расчистување на прашањето за евентуалните неправилности во анализата на Државниот просветен инспекторат.

Претходно вчера, од антикорупциската објаснија дека соработката на Ристовска со Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје била на ниво на гостин предавач и никогаш за финансиски надомест или друг тип договорна соработка. Од тука сметаат дека не постои никаков судир на интерес бидејќи нема никаква поврзност со наведниот универзитет.

Нејзината фотографија беше пред два дена избришана, па повторно вратена назад на страната на Универзитетот во составот на универзитетскиот наставен кадар.

Македонија

И понатаму да ја покажеме нашата солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства: Црвениот крст со апел

Објавено пред

Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства.

dobivaj vesti na viber

Досега, како што информираат, обезбедни се вкупно: 42.739.931,00 денари. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани.

„Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку:

– Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

– Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком, А1 Македонија, МТЕЛ 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).

– Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/

– За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228“.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Сонувајте мирисни полиња, сонувајте сончеви утра, сонувајте мирно езеро, сонувајте и патувајте…“ напиша Драган Спасов Дац

Објавено пред

Актерот Драган Спасов Дац се огласи на социјалните мрежи по трагедијата што се случи во Кочани, кога на 16 март, во пожар во дискотеката „Пулс“, 59 луѓе го загубија својот живот.

dobivaj vesti na viber

„Сонувајте мирисни полиња со вртипоп од кои пчелите ги товараат своите бисаги со полен. Сонувајте сончеви утра во кои росата ја пои тревата. Сонувајте мирно езеро како тепсија во кое се одразува вашата личотија. Сонувајте ги најубавите бои и птици, сонувајте птици кои се враќаат во ланските гнезда“, напиша актерот Драган Спасов Дац.

„Сонувајте виножито по кое ситниот дождец создава ноти. Сонувајте како љубовта владее со светот и сите танцуваат во ритмот на небесната музика. Сонувајте ги ѕвездите, тие ќе сјаат само за вас. Безброј ѕвезди кои ќе ви го осветлуваат патот. Сонувајте и патувајте…“, додаде Дац.

Денеска беа погребани починатите.

Прикажи повеќе...

Македонија

МЗ: Ги следиме потребите на локалното население во Кочани, зајакнати медицински тимови се на терен

Објавено пред

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население, особено денес, за време на погребот.

dobivaj vesti na viber

Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти.

Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои се достапни во текот на денешниот ден.

Министерството за здравство останува во комуникација со сите засегнати страни, постојано ги следи потребите на локалното население и реагира соодветно на барањата на граѓаните.

„Апелираме за внимателно и етичко информирање во овие моменти на жалост, со емпатија, хуманост и солидарност. Апел и за проверка на информациите со надлежните институции, бидејќи неточното информирање може да предизвика дополнителна вознемиреност. Министерството за здравство повторно изразува благодарност до сите поединци и субјекти, како и здравствените работници од државава и странство што го даваат својот максимум за соодветно справување со овој предизвик“, посочуваат од МЗ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Штип се прости од петтемина свои сограѓани кои загинаа во пожарот во Кочани

Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на...

Македонија2 часа

„Сите те сакаа тебе, златно дете“ – музичкото училиште во Струмица се прости со тапанарот на ДНК

Во основното музичко училиште во Струмица се одржа комеморација за Џоко Ѓоргиев, тапанар на групата ДНК, кој загина во пожарот...

Македонија4 часа

Објавени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со кои...

Македонија5 часа

Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани. Според информацијата, три лица се на возраст...

Македонија5 часа

Токсиколошки анализи ќе им се прават на сите пациенти пред испишување, утре од болница си заминуваат тројца повредени во пожарот во Кочани

Четврти ден по трагедијата во Кочани со 59 починати и 196 повредени, министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека сите...

Македонија6 часа

„Си замина дел од моето второ семејство, остана само пепел и празнина“, се огласи Ана, придружниот вокал на ДНК, која го преживеа пожарот во Кочани

Се огласи Ана Костадиновска, придружниот вокал во бендот ДНК, една од преживеаните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа...

Македонија6 часа

(Видео) Македонија се простува од членовите на ДНК, кои загинаа во пожарот

Денес, ќе бидат погребани членовите на бендот ДНК, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пејачот на бендот,...

Македонија8 часа

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“...

Топ8 часа

Уапсени двајца 18-годишници, кои правеа огномет синоќа во Скопје: прославувале роденден во Градскиот парк

Вчера, околу 21.25 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје има огномет и не се...

Македонија8 часа

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, ужалените грѓани ги молам да не влегуваат внатре

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната...

Регион9 часа

Во Софија илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие...

Македонија10 часа

Денес погребни церемонии за загинатите во дискотеката во Кочани

Погребните церемонии за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржат во текот на денешниот ден во Кочани, Штип,...

Топ11 часа

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше: побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење апартмани

Вчера, полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше....

Македонија19 часа

19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот...

Македонија22 часа

Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите...

Македонија22 часа

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата...

Македонија23 часа

Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што...

Македонија24 часа

Во странство се лекуваат стотина млади луѓе по пожарот, уште двајца денес ќе бидат префрлени во Шведска

Министерството за здравство информира за состојбата на пациентите во установите во земјава и странство, согласно воспоставените процедури за известување од...

Македонија24 часа

Полициските функционери кои се приведени дале согласност дека кабарето во Кочани ги исполнува условите за јавен ред и мир без целосна проверка

МВР поднесе кривична пријава против седуммината високи полициски функционери од полицијата во Штип и Кочани за кривично дело „тешки дела...

Македонија1 ден

Клековски: На пациент во Солун му е извршена трансплантација на кожа на рацете, во контакт сме со банка за кожни ткива за да почнат реконструктивни операции

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата рече дека натамошните фази за пациентите...