Контакт

Македонија

Ципрас: Нашите држави повеќе не се противници

Објавено пред

Поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас, порача дека Северна Македонија е кредибилен партнер на Европската Унија и затоа треба да ѝ биде овозможено да ги почне пристапните преговори во октомври.

Ципрас во рамките на конференцијата „Самит на Западен Балкан – Зацврстување на моментумот за европска интеграција“, што се одржува денеска во Скопје, говореше за преспанскиот договор оценувајќи дека со него се потврдува и амбицијата на ЕУ да воспостави мир и стабилност во овој регион.

Ципрас рече дека во моментот кога бил потпишан договорот, сите почувствувале дека ја градат историјата. Сите знаеме дека најважниот чекор веќе е преземен бидејќи нашите држави повеќе не се противници, истакна Ципрас и додаде дека набргу и двете страни ќе ги видат придобивките од овој договор и ќе ја градат довербата.

Според поранешниот грчки премиер, договорот ги симболизира победата на дипломатијата и на соработката врз национализмот и интровертноста.

Македонија

Шекеринска: Евроатлантскиот курс останува непроменет, нема дилеми дека тоа ќе го потврдат и граѓаните

Објавено пред

Членството во најмоќниот воено-политички сојуз на денешницата значи дека влегуваме во еден систем на колективна безбедност, дека каков било напад на државата, значи напад на сите останати 29 земји-членки, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на синоќешната панел дискусија во Куманово посветена на придобивките од членството во НАТО.

„Освен политички знак, членството во Алијансата е и знак за позитивните економски трендови – во годината во која што ја добивме НАТО поканата, ние имавме четири пати повеќе странски инвестиции од претходната година, односно повеќе од вкупните инвестиции во 2012, 2013 и 2014 година“, рече Шекеринска.

Министерката додаде дека на земјава наскоро и претстојат одлуки кои ќе покажат дека граѓаните немаат дилема околу нашата евроатлантска ориентација.

Посочи дека реформите во одбранбениот сектор се реализираат и за членството во НАТО, но и за нашата држава, нашата Армија, нашите војници и дека наскоро ќе бидат објавени серија мерки кои значително ќе го подобрат стандардот на припадниците на Армијата и статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст.

Во однос на ратификацијата на пристапниот протокол, министерката рече дека во случајот со нашата држава, тој се движи исклучително брзо – досега парламентите на 25 земји-членки го завршиле процесот, додека пак фактот што ратификациите од нашите соседи биле особено брзи, како што рече таа, покажува дека Балканот се менува и дека земјите научиле од своето лошо искуство низ историјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев излегува со панични интервјуа, знае дека ќе ги загуби изборите

Објавено пред

Зоран Заев ќе ги изгуби претстојните предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Тој тоа го знае и затоа излегува со панични интервјуа во кои сите му се виновни. Премиерот во заминување се удави во криминал, ги продаде националните интереси и не доби датум за почеток на преговори со ЕУ, а сега се обидува да се амнестира. Ниту Макрон, ниту било кој друг политичар од Европа го лажел Заев дека ќе влезе во ЕУ ако го смени името на државата. За влез во ЕУ се потребни реформи и многу работа. Заев не го испорача ниту едното, ниту другото“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека граѓаните бараат обнова и сакаат државата да тргне напред и затоа во огромно мнозинство го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претпладне свежо, попладне топло со температури до 29

Објавено пред

Времето утрово е свежо со температура од 2 до 10 степени, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со утринска температура до 9 степени, а дневна температура до 28 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

Фејсбук ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

Фејсбук најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион51 минута

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет1 час

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо кое го погоди овој американски град. Ударите...

Регион1 час

Чавушоглу: Санцкиите и заканите нема да не спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзиваво северна Сирија, зјави турскиот...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион14 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет15 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија17 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ18 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија19 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија21 час

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија21 час

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ21 час

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија23 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет23 часа

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа24 часа

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Македонија1 ден

Земјотрес во Албанија, почувствуван во западните делови од нашата земја

Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја,...

Свет1 ден

10 илјади полицајци на улиците на Чиле, приведени 1.462 демонстранти

По итен состанок доцна во неделата претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, ја бранеше својата одлука да воведе вонредна состојба и...

Свет1 ден

(Видео) Ескалираше бранот насилство во Чиле, петмина загинаа во запалена фабрика

Пет лица загинаа откако фабрика за облека беше запалена од ограбувачи во близина на главниот град на Чиле, Сантијаго, среде...

Досие