Македонија
Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана
Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција во својот говор за проширувањето на ЕУ, на настан во францускиот Сенат, рече дека Унијата не може да биде силен геополитички фактор на меѓународно ниво доколку не е кредибилен фактор во нејзиното соседство.
„Кога беше постигнат договорот од Преспа во 2018, за Северна Македонија се отклучи перспективата за проширување, паралелно давајќи ѝ импулс и на албанската европска перспектива, а придонесе и за нов момент во развојот на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Ако повторно ја изгубиме оваа динамика, ќе биде многу тешко одново да ја вратиме“, рече Ципрас и додаде: „Како можеме да поддржиме политичка стабилност и економски развој во Ирак или Авганистан или на Мали, па дури и во Украина, ако не можеме да ги исполниме нашите обврски за поддршка на европските земји кандидати за членство? Како може ЕУ на кредибилен начин да ги поддржи изгледите за решавање на меѓународните спорови, кога не може да поддржи една европска земја како Република Северна Македонија, која придонесе во решавањето на долгогодишно европско прашање?
Ципрас додаде дека доколку на меѓународната заедница ѝ се покаже дека европската интеграција на Западен Балкан исто така значи обезбедување мир, стабилност и просперитет за регионот, тоа ќе даде јасна глобална порака за успехот на ЕУ, 20 години по војната во Југославија.
Лидерот на СИРИЗА истакна дека ако се наградат Зоран Заев и народот на Република Северна Македонија, тоа ќе биде порака за сите други лидери од Западен Балкан и поширокиот регион“, објаснувајќи дека тоа ќе биде порака до Албанија да направи уште повеќе чекори во владеењето на правото и за правата на грчкото малцинство, дека ќе биде порака до лидерите на Белград и Приштина да го решат косовското прашање, но и порака до босанското раководство за стабилност.
Од друга страна, ако процесот на пристапување остане замрзнат, пораката ќе биде јасна: Европа не ги наградува лидерите што се реформисти или кои постигнуваат компромиси, смета тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

