Контакт

Македонија

Чавков и пратениците следната недела на суд за крвавиот четврток

Објавено пред

Следната недела, на 22 август, обвинетите за настаните во Собранието на крвавиот четврток повторно седнуваат на обвинителна клупа. Меѓу нив има и пратеници и граѓански активисти.

За овој предмет на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција обвинети се 30 лица, меѓу кои ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, и пет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои според обвинението се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Судот претходно соопшти дека насрочени се 37 термини за главна расправа за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите што се наоѓаат во куќен притвор, како и покани за другите странки во предметот.

Македонија

Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Објавено пред

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

„Детаљно е извршен преглед вклучувајќи крвна слика, лабораториски преглед и ехо, а по прегледите е донесен заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди“, рече Костов и додаде дека оттука немало потреба за хоспитализација.

Поради податокот дека Јанакиески бил удиран по телото, од болницата препорачале 24-часовен надзор во затворот од страна на медицинско лице.

Претходно, директорот на затворот, Ѓоко Котевски рече дека Јанакиески имал нагмечувања, но не и скршеници.

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Русковска: Амнестираните и тоа како знаат дека се виновни, со законот нè уценија сите како граѓани на оваа држава

Објавено пред

Обвинтиелката Вилма Русковска на денешното рочиште за крвавиот четврток, на критиките од бранителите во завршните зборови за обвинението и амнестијата, рече дека иако некои од обвинетите се амнестирани, тоа не значи дека не се виновни, туку, напротив, барањето за амнестија ја потврдува нивната вина.

– Да, лицата беа амнестирани, ама ние немаме амнезија. Тоа што некој беше амнестиран не значи дека не е виновен. Напротив. Нивното инсистирање по секоја цена да се донесе законот за амнестија значи само едно. Амнестираните и тоа како беа свесни колку се виновни. Со тој закон нè уценија сите нас како граѓани на оваа држава – рече Русковска.

Обвинителката исто така имаше коментар и на завршните зборови на Јане Ченто, кој рече дека од Обвинителството му било понудено да биде заштитен сведок во случајот. На ова Русковска одговори дека тоа не е точно. Напротив, повеќето од обвинетите сами се нуделе да бидат сведоци, но сите биле одбиени. Таа додаде дека единствениот заштитен сведок во случајот не бил осомничен ниту, пак, обвинет за крвавиот четврток.

– Обвинителството од ниту еден обвинет ниту, пак, до Јане Ченто не побарало да биде сведок во постапката. Адвокатот на Ченто во завршните зборови во недостиг на докази додаде историски момент. Обвинението на неговиот клиент го спореди со неправедно осудениот Методија Андонов – Ченто. Тоа што Ченто бил неправедно осуден не значи дека 7 негови колена нанапред не треба да одговараат за ништо – рече Русковска.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал имаше коментар и на завршните зборови на бранителот на Мунир Пепиќ, кој рече дека упадот во Собранието не било терористичко загрозување на уставниот поредок, туку парламентарна демократија. На ова Русковска одговори со зборовите: „парламентарната демократија бара мирно предавање на власта“.

По овие зборови на Русковска, неколку бранители и обвинети се пријавија за збор поради што завршните зборови ќе продолжат утре кога и претседателката на судечкиот совет треба да даде датум за рочиште на кое ќе бидат изнесени пресудите за обвинетите за 27 април.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костадинов: Сценаристи на инцидентот во затворот се Мицкоски и Груевски

Објавено пред

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, во врска со инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари обвини дека се работи за сценарио зад кое стојат актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

„Мицкоски и Груевски очајно се обидуваат преку нови насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, како осимничен организатор за насилствата на крвавиот 27-ми април“, рече Костадинов.

Според него, денешното инсистирање на Мицкоски да го посети Јанакиески во болницата „8 Септември“ е театар, а доказ за тоа е што Јанакиески не бил повреден. СДСМ го осуди насилството во затворот и оцени дека сценариото на ВМРО-ДПМНЕ не успеало поради брзата реакција од страна на надлежните.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Русковска: Амнестираните и тоа како знаат дека се виновни, со законот нè уценија сите како граѓани на оваа држава

Обвинтиелката Вилма Русковска на денешното рочиште за крвавиот четврток, на критиките од бранителите во завршните зборови за обвинението и амнестијата,...

Македонија1 час

Котевски: Јанакиески е вратен во затворот, Ристовски не бил испратен во болница

По лекарските прегледи во болницата „8 Септември”, Миле Јанакиески е вратен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. По инцидентот,...

Македонија2 часа

Нинџа: Комуникациите на 27 април со Спире Ристовски, Мијалков, Атанасовски и Бошковски мистериозно исчезнаа

Обвинетиот соработник на УБК за крвавиот четврток, Александар Василевски – Нинџа, на денешното рочиште во своите завршни зборови рече дека...

Македонија2 часа

Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што е хоспитслизиран ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот ден...

Македонија3 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија3 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија4 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ6 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија6 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток6 часа

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија7 часа

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Топ7 часа

Пинг-понг со барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски

Собранискиот спикер Талат Џафери го вратил во кривичниот суд барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски кое претпладнево...

Топ9 часа

Барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски стигна кај Џафери

Барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски од кривичниот суд стигнало до претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдуваат...

Крвав четврток9 часа

(Видео) Русковска: Груевски ја ставил во функција партијата за крвавиот четврток

На прес-конференција за јавноста во Јавното обвинителство беа изнесени информации за истрагата за организаторите на насилствата од 27 април 2017...

Македонија10 часа

(Видео) Јовески за несреќата кај Ласкарци: Возачот на автобусот добива закани, засега не е утврдена одговорност

Обвинителството сè уште нема податоци дали и кој ја има одговорноста за сообраќајната несреќа кај Ласкарци каде што загинаа 15...

Крвав четврток10 часа

Груевски на „Фејсбук“: Прородлжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ

Експремиерот Никола Груевски се огласи на „Фејсбук“ за вчерашните приведувања на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од истрагата на...

Македонија11 час

(Видео) Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Македонија12 часа

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за Спасовски

Собранието треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи,...

Досие