Македонија
Четири нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.514 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на Ковид-19 од кои три во Скопје и еден во Битола.
Регистрирани се и 11 оздравени пациенти од Куманово – 4, Скопје – 3 и по еден од Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш.
Не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.514 тестови преку: ИЈЗ-169, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–11, Жан Митрев (Филип Втори)-46, Авицена-174, Биотек-152, Систина-78, лабораторија Лаор-267, Синлаб-6, Плодност–47, Генеа–22, Никоб лаб-311, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.063.
Досега во земјата се направени вкупно 872.894 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 228.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:
Скопје 68659, Активни 88
Куманово 8882, Активни 24
Прилеп 8327, Активни 18
Тетово 7248, Активни 22
Битола 6306, Активни 8
Велес 5473, Активни 5
Гостивар 5181, Активни 7
Кавадарци 5154, Активни 1
Охрид 5019, Активни 17
Штип 4961, Активни 1
Струмица 4119, Активни 6
Струга 2981, Активни 0
Кочани 2792, Активни 1
Кичево 2596, Активни 16
Гевгелија 2195, Активни 0
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1524, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 4
Радовиш 1161, Активни 0
Берово 1029, Активни 0
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активни 1
Виница 886, Активни 2
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 2
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 3
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ: Демографија не се подобрува со кампањи, туку со квалитетен животен стандард и јасна перспектива за младите

„Наместо да создава услови младите да останат тука и да формираат семејства, Мицкоски ги брка од државата со зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста, без да понуди каква било јасна перспектива за државата. Денес, младиот човек во Македонија е оставен без иднина. Стандардот е уништен. Платите се недоволни, а Мицкоски се заканува со нови даноци. Со вакви политики, за кратко време, тој ќе ги избрка сите од државата“, велат од СДСМ.
„Наместо да понуди современа, хумана и искрена поддршка за младите семејства, тој вели дека ќе ги едуцирал за „семејните вредности“. Демографијата не се решава со кампањи за „семејни вредности“, туку со стабилни и добро платени работни места, достапно и квалитетно здравство и сигурна социјална заштита.
Младите не бегаат затоа што не сакаат да создадат семејство, туку затоа што не можат да си го дозволат. Тоа е директен резултат на промашените и класично десничарски политики на оваа влада. Стандардот е намален за 20%, се богати само елитата околу Мицкоски, а за останатите граѓани нема никаква корист од владините политики.
Ако навистина сакаше да се раѓаат деца во Македонија, ќе се грижеше најпрво нивните родители да бидат сигурни и да ја гледаат својата иднина тука. Таква политика од Мицкоски нема“, соопшти СДСМ.