Контакт

Македонија

Шаќири: Реорганизацијата на државната администрација е наш приоритет

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, денес учествуваше и им се обрати на работните групи на семинарот за Реорганизација на државна администрација и менаџмент на промени и семинарот за ефикасност на јавните институции.

Учесници на овие два семинарa беа претставници од сите министерства и странски и домашни експерти вклучени во овој важен проект.

„Ние сме решени да го однесеме овој проект напред, да ја оптимизираме целокупната институционална рамка, да ја подобриме испораката на јавните услуги, да ги зајакнуваме етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација, и меѓу друго да спроведуваме функционална анализа и да донесуваме нов Закон за организација на органите на државната управа”, истакна министерот Шаќири.

На состанокот министерот спомна дека без реорганизација на органите на државната управа и елиминирање на преклопувањата на надлежностите не постои вистинска реформа на јавната администрација.

„Заложбите не Владата на Република Северна Македонија се во насока на интеграција на државата во Европската Унија, а ова зависи од капацитетот на јавната администрација да го транспонира европското законодавство и да обезбеди соодветна примена”, рече министерот Шаќири.

На крајот на говорот министерот истакна дека имплементацијата на препораките е од особена важност, не само за самиот процес туку и за идните трансформации во институциите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело „демнење“

Објавено пред

Министерот за правда Бојан Маричиќ објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници и жените се издигнува на многу повисоко ниво.

Според министерот, овие измени ќе придонесат за намалување на случаите за напади и закани кон новинари.

„Во иднина нападот врз медиумските работници ќе се третира исто како напад врз службено лице. Воведуваме строги казни за закана за напад врз новинари. Дополнително, во иднина Обвинителството ќе постапува по службена должност при вакви случаи. Ова беше едно големо барање на Здруженијата на новинари, чиј претставници активно учествуваа во Работната група која ги подготвуваше измените на Кривичниот законик“, кажа Маричиќ.

Дополнително, преку имплементација на Истанбулската конвенција, законски се допрецизира заштитата на жените и се внесуваат нови кривични дела кои досега кај нас не постоеле, а со нив законски се штитат жените од вознемирување и напади.

„Со новото дело „Демнење“ предвидуваме строги санкции за вознемирување и преку интернет, нешто што за жал се случува сè почесто. Сега тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друго лице, или со него воспоставува или се обидува да воспостави несакан контакт, со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање и други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“, потенцираше Маричиќ.

Министерот на прес-конференцијата објави и измени на повеќе закони, меѓу кои и на Законот за граѓанска одговорност, со кој значително се намалува висината на казните кои медиумите и новинарите би ја платиле како оштета за клевета и навреда. Од максимални 2.000 евра, со измените оваа сум се спушта до максимални 400 евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Објавено пред

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира дека оваа значајна годишнина се совпаѓа и со 30-годишнината од независноста на нашата земја, со 80-годишнината од народното востание и 20-годишнината од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација како наш прв чекор во остварувањето на целта за членство во Европската Унија.

Премиерот потсети дека една од првите приоритети на листата на новоформираната влада во 2017 година било заокружувањето на нормативниот дел, кој произлегувал од Охридскиот договор.

„Тогашната влада, во која министри беа и поголем дел од овој актуелен состав, ја исполни обврската, која непотребно се одолжуваше од сите претходни влади и го донесе Законот за употреба на јазиците. Со Законот за употреба на јазиците, како и со сите други законски измени и подзаконски акти за правична застапеност, се заокружија одредбите од Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан на 13 август во 2001 година и со кој се стави крај на конфликтот и кој беше прифатен како гаранција дека сите прашања од интерес на заедниците во нашата земја ќе се решаваат преку дијалог и во институциите“, истакна Заев.

Премиерот нагласи дека Охридскиот договор ставил крај на конфликт, кој со себе понел и жртви и кој спречил, како што рече, нашата заедничка татковина да стане место на продолжен конфликт и на општество без надеж за мирен живот.

„Во моменти кога соживотот и меѓуетничката толеранција беа ставени на најголемиот тест покажавме дека ние проблемите ќе ги решаваме преку институционалниот систем и никако поинаку. Покажавме дека сакаме да живееме сложно и обединетo, да напредуваме сите заедно. И сето тоа беше постигнато во тесно партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ. Денес тоа е и нивна успешна историја, што заеднички ја одбележуваме“, рече Заев.

Со Охридскиот рамковен договор, додаде тој, нашата држава е постабилна и побезбедна, со загарантирана меѓуетничка толеранција и посилна социјална кохезија. Заедно се развиваме како држава во која шансите за благосостојба се еднакви за сите како членка на НАТО и идна членка на ЕУ.

„Се определивме за политики што ја градат Република Северна Македонија како граѓанска држава на сите што живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. Прифативме дека Македонците како мнозински народ во нашата земја имаат одговорност да креираат политики и атмосфера за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на сите други јазици на припадниците на граѓаните што живеат во нашата земја“, потенцира премиерот.

„Нашата определба да градиме и негуваме општество еднакво за сите, нашата цел да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво.

Тоа заедништво што се градеше со векови за нас претставува обврска за нашата заедничка иднина“, истакна Заев.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, во своето обраќање истакна дека одбележуваме годишнина на еден значаен документ, кој, како што рече, донел мир, ги променил Уставот и општеството и ги отворил евро-атлантските перспективи.

Груби информира дека во организацијата на Владата со оваа тематска седница почнуваат низата настани со кои ќе се одбележува 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор со слоганот „По Охрид“.

По серијата активности во повеќе градови, во кои ќе бидат вклучени повеќе институции, централниот настан ќе се одржи на 13 август, на денот кога е потпишан Охридскиот рамковен договор.

На тој настан, организиран во соработка со Универзитетот „Колумбија“ од Њујорк, е потврдено учеството на државниот врв, но и на пријателите од меѓународната заедница и на протагонистите што учествуваа во процесот на постигнување на Охридскиот рамковен договор, како што се Питер Фејт, Дејвид Слин, Роберт Сери, Бренда Пирсон, Пол Вилијамс, Дејвид Филипс и други.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Објавено пред

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната независност.

22-годишникот од Скопје попладнево во Токио го освои сребрениот медал во теквондо, во категоријата од над 80 килограми.

Пред две децении борачот Могамед Ибрагимов освои бронза во Сиднеј.

Ривал во финалето на Георгиевски му беше најголемиот фаворит во оваа категорија, репрезентативецот на Русија, Владислав Ларин, од кого загуби со резултат 15:9.

На патот до среброто, Георгиевски најпрвин го победи светскиот првак Рафаел Алба Кастиљо со 11:8, потоа во второто коло со 9:4 беше поуспешен од Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, а за пласман во финалето убедливо со 12:6 славеше над Ин Кјо Дон од Јужна Кореја.

Македонија и пред независноста има освојувачи на сребрени медали на Олимписките игри, како дел од СФРЈ. Toa се: борачот Шабан Трстена, кошаркарката Стојна Вангеловска, боксерот Реџеп Реџеповски, фудбалскиот голман Благоја Видиниќ и кошаркарот Благоја Георгиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело „демнење“

Министерот за правда Бојан Маричиќ објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија16 минути

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија1 час

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Македонија2 часа

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија4 часа

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа4 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија5 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа6 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт6 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија7 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет18 часа

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа18 часа

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа19 часа

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа19 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион21 час

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија1 ден

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија1 ден

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија1 ден

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија1 ден

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Досие