Македонија
Шекеринска: Без отворени прашања со соседите, Македонија е пример во регионот
Заменик-претседателката во Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска на заедничката прес-конференција со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, потсети дека за првпат во нашата историја како независна држава ни се случува во една година, за помалку од 6 месеци, секретар за одбрана на САД и македонски министер за одбрана да имаат 2 средби, во Вашингтон и во Скопје. Според неа, тоа говори и за личната заложба на секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Џејмс Матис, за Македонија и нејзиното членство во НАТО.
„Се наоѓате во една Македонија која е поинаква од државата што ја гледавме до пред нешто повеќе од една година. Денес Македонија е земја со покана од НАТО, без отворени прашања со своите соседи, претставува пример за соработка во регионот, и земја подготвена од докажан партнер да стане сојузник и член во најуспешниот безбедносен и политички сојуз. Немаме дилема дека нашата иднина е во НАТО-алијансата, на иста маса со Соединетите Американски Држави и со другите сојузници“, рече министерката Шекеринска.
Шекеринска изрази уверување дека македонските граѓани на претстојниот референдум на 30 септември ќе ја препознаат шансата и ќе се изјаснат за Македонија, безбедна и просперитетна, членка на НАТО-алијансата и Европската Унија.
„Се сеќавам на Вашите зборови во Пентагон, дека не сакате да ја видите Македонија запрена пред вратите на НАТО. Во меѓувреме помогнавте Македонија да ја добие поканата од НАТО, а денеска сте тука, во Македонија. Убедена сум дека на 30 септември граѓаните ќе се изјаснат дека се за Македонија која ќе биде безбедна, сигурна, просперитетна, економски развиена, за Македонија која рамо до рамо со САД и со другите сојузници помага во градењето на заеднички мир и просперитет“, заклучи министерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

