Македонија
Шекеринска: Државата и граѓаните не може да ја платат цената на стравот и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ
Државата и граѓаните не може да ја платат цената на стравот и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Радмила Шекеринска запрашана од новинарите во Битола дали се знае кога ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и дали воопшто ќе продолжат.
„Вие знаете дека направивме се да постигнеме договор и да испратиме порака и до нашите институции за спроведување на изборите и до фирмите, и до државните институции но пред се до граѓаните, дека како држава знаеме да носиме одлуки и да создаваме една предвидлива клима. За жал во последниот период и ВМРО-ДПМНЕ избегнуваше средби на којшто работите ќе се пресечат и ќе се договорат. Ние никогаш нема да бидеме таква партија, секогаш ќе го бираме разговорот и секогаш ќе даваме предност на консензусот, меѓутоа консензус не може да значи запирање на се во државата, консензус не може да значи да се држат граѓаните и државата во заложништво“, рече Шекеринска.
Додаде дека со ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат средби и ќе разговараат секојпат кога ќе постои за тоа потреба и иницијатива, меѓутоа за СДСМ е јасно дека целта е на најголем можен број на граѓани да им биде шанса да гласаат, а од друга страна целта е на сите овие граѓани, дел којшто очекуваат финансиска помош од државата, дел којшто очекуваат помош за фирмите, да им биде дадена шанса државата да функционира во полн капацитет.
„Јас се сеќавам на многу средби со претставници на граѓаните, невладини организации особено бизнисот, прва порака која ни ја упатуваат секогаш е: ‘Аман кога ги правите изборите нека биде кратко, ефикасно оти се запира’. Кај нас, ние сме во таква атмосфера и во пред изборно расположение уште од февруари. Ниту една држава ова не може да си го дозволи финансиски, економски и социјално, а особено не во сред на пандемија светска. Затоа направивме се, ќе разговараме ама државата не смее да ја плати цената на стравот и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Шекеринска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

