Македонија
Шекеринска: Охридските власти нема да попуштат и нема да дозволат дивоградба во Лагадин

Во одговор на прашања од граѓани во врска со случајот на најголемата дивоградба на Охридското езеро, фамозниот хотел во Лагадин, зменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, нагласи дека градоначалникот на Охрид седум пати го поништил решението за градба бидејќи било издадено незаконски, а и второстепената комисија го потврдила тоа.
„По оваа постапка предметот заминал на суд и судот го вратил назад и токму тоа е тој пинг-понг што не фрустрира сите како граѓани и создава недоверба и кај судството и кај општините, но и во целата држава. Општината има многу силни аргументи и нема да попушти ниту на притисоци и на можни злоупотреби на судството, бидејќи ако оваа дивоградба се дозволи и се толерира, тоа ќе биде знак за сите да не ги почитуваат правилата“, порача Шекеринска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.