Македонија
(Видео) Шекеринска: Скопје не е веќе мрачен вилает каде полицијта брка студенти по библиотеки
Вицепреиерката Радмила Шекеринска во обраќањето пред присутните на последниот настан од караванот на СДСМ насловен „На прав пат“ говореше за успесите на власта за НАТО, за политиките на градоначалникот Петре Шилегов.
„Напишавме историја. Имаме право да бидеме и задоволни и горди. По 30 години мечта и сон, нашиот рад ќе биде главен град на членка на НАТО. Нашиот град кој ги пречека и Меркел и Столтенберг и Туск… Дојдоа да му дадат поддршка на нашиот народ и на овој Град. Скопје не е веќе мрачен вилает каде полицијта брка студенти по библиотеки“, рече Шекеринска.
Таа кажа дека не може да се види Шилегов скриен во канцеларија, како молчи и како седи и чека што да му каже некој „од горе“. „Петре како опозиционер им се спротистави на Груевци и Мијалковци. Петре покажа и дека знае да сослуша“, рече Шекеринска.
„Петре не е аргонатен, туку храбар и упорен и не бега од проблемите кои му ги оставија. Скопје има многу непријатели. Моторџиите, зградите кои никнуваат, кафеанџиите кои со гласна музика, загадувачите, но ние за тие непријатели не молчиме, туку зборуваме“, говореше Шекеринска пред присутните.
„Кога пред 10 дена за првпат го видов нашето знаме за Лондон во центарот на светот во тој свет, до знамето на Велика Бритнија јас мислев дека нема човек кој не го погледна тоа со солза во око. За жал имало. ВМРО-ДПМНЕ“, рече таа во говорот.
Шекеринска дополни дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за одбрана само затоа што го содржи уставното име на државата, но не им смета уставното име на протколот за НАТО и кога добиваат плати од државата.
„Не им смета уставното име за протоколот за НАТО, или кога добиваат плата со уставното име“, рече Шекеринска. „ВМРО-ДПМНЕ не се кае за злото кое го истури по нашите градови и села. ВМРО-ДПМНЕ не се менува. Игра делува и се менува по тактот на Груевски. ВМРО-ДМНЕ Зборува за чесност. Повикува на скромност, а чевлите им газат во дебелите персиски килими во белата палата“, рече Шекеринска.
„Лузните кои ги оставија траат. Оставија не само лузни, туку и многу отров кој сака да не труе и да не кара. Затоа не го поддрживаат нашето членство во НАТО“, кажа таа пред присутните.
Претходно говореше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Со последната 26 трибина од серијата „На прав пат“ СДСМ го завршува караванот и ја заокружува изработката на изборната програма. Првиот драфт ќе биде промовиран кон крајот на декември.
Владејачката партија веќе најави нови настани кои ќе се темелат на клучните столбови на програмата. Кон средината на следниот месец партијата ќе излезе со финалната изборна програма.
Месецов завршува и кампањата „Од врата до врата“. Од партијата се пофалија дека 6000 партиски активисти посетиле приближно 70 илјади семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

