Македонија
Шестмина починати и 63 новозаразени со Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 37, Куманово – 4, Тетово – 1, Гостивар – 1, Штип – 2, Битола – 1, Велес – 1, Охрид – 2, Кавадарци – 5, Струга – 1, Свети Николе – 1, Крива Паланка – 1, Берово – 2 и по еден во Делчево, Пробиштип, Кратово и Пехчево.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 573 оздравени пациенти од: Скопје – 350, Куманово – 19, Тетово – 10, Прилеп – 36, Гостивар – 9, Штип – 8, Битола – 7, Велес – 17, Струмица – 15, Кавадарци – 28, Кочани – 9, Кичево – 1, Свети Николе – 4, Гевгелија – 6, Неготино – 12, Дебар-8, Ресен – 5, Крива Паланка – 1, Радовиш – 6, Пробиштип – 3, Валандово – 3, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Богданци – 2, Кратово – 1, Крушево – 9 и еден во Демир Капија.
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје (54 и 79 години), двајца од Прилеп (85 и 93 години), еден од Кавадарци (70) и еден пациент од Струга (83). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 90.717, бројката на оздравени пациенти е 78.727, на починати е 2.791, а бројот на активни случаи изнесува 9.199. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 39.462, активни 5.145
• Куманово 5.113, активни 377
• Тетово 5.032, активни 373
• Прилеп 4.522, активни 212
• Гостивар 3.577, активни 220
• Штип 3.476, активни 143
• Битола 3.188, активни 159
• Велес 3.011, активни 241
• Охрид 2.723, активни 351
• Струмица 2.506, активни 287
• Кавадарци 2.472, активни 313
• Струга 2.175, активни 141
• Кочани 1.714, активни 87
• Кичево 1.694, активни 129
• Свети Николе 1.067, активни 35
• Гевгелија 970, активни 95
• Неготино 953, активни 109
• Дебар 741, активни 108
• Ресен 727, активни 104
• Крива Паланка 713, активни 56
• Радовиш 685, активни 40
• Берово 577, активни 49
• Делчево 559, активни 164
• Пробиштип 500, активни 40
• Виница 482, активни 32
• Валандово 325, активни 12
• Демир Хисар 242, активни 8
• Македонски Брод 240, активни 10
• Богданци 222, активни 30
• Кратово 215, активни 17
• Крушево 200, активни 29
• Македонска Каменица 190, активни 36
• Демир Капија 182, активни 28
• Пехчево 180, активни 13
• Дојран 82, активни 6
Направените 677 тестови се преку: ИЈЗ-94, ЦЈЗ Скопје-26, Биотек-68, МАНУ-43, Жан Митрев (Филип Втори)-130, Систина со PCR метода-169, Инфективна клиника-2, ЈЗУ (рапид тест)-145. Досега во земјата се направени вкупно 443.277 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

