Македонија
Штрајкот продолжува во училиштата, градинките почнуваат со работа

Продолжува штрајкот во училиштата, додека во градинките ќе биде ставен во мирување и од утре вратите во предучилишните установи ќе бидат отворени, изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.
Тој по денешната седница на Советот на СОНК истакна дека од 480 синдикални организации во земјава, 388 се за продолжување на штрајкот од утре.
„Советот на СОНК одлучи да продолжи штрајкот и утре сè до наоѓање на заедничко решение со Владата“, рече Неделков.
Како што додаде, градинките ќе ги отворат вратите во интерес на родителите, но и стопанството кое трпи поради неможноста за згрижување на децата.
Советот на СОНК одлучил и да организира голем масовен протест в среда, на 4 мај.
Неделков пoвтори дека жалат за непријатностите со кои се соочуваат родителите и учениците и повика на разбирање.
Претходно, вчера начелно беше постигнат договор помеѓу претставници на СОНК и Владата за зголемување на платите за 12 отсто. Се чекаше одлука да донесе членството и Советот на СОНК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тренчевска: Граѓанскиот сектор е наш партнер во унапредувањето на социјалните услуги

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставниците на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, на која се разговараше за досегашните и идни активности на здружението.
Ова здружение претставува сервисна служба за асистивна технологија што нуди три вида услуги за деца со попреченост: индивидуализирана поддршка за користење компјутер и интернет, индивидуална проценка на потребите од асистивна технологија и советодавно-консултативна поддршка за примена на асистивната технологија. Претставниците информираа дека услугите се засновани на пристапот насочен кон личноста и имаат за цел да го поттикнат личниот развој на децата со попреченост. Преку примената на технологијата и професионалниот тим од специјални едукатори, логопеди и лица од ИТ секторот оваа организацијата претставува единствена и уникатна сервисна служба во нашата држава.
Министерката Тренчевска истакна дека, вклучувањето и подобрувањето на положбата на децата и лицата со попреченост е еден од клучните приоритети на Министерството за труд и социјална политика и на Владата на Република Северна Македонија. Таа ја изрази поддршката кон здружението во нивните активности и изрази подготвеност за заеднички активности и проекти кои имаат за цел унапредување и воведување на нови социјални услуги кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на децата со попреченост и ќе помогнат до нивно поголемо вклучување во секојдневниот живот.
Во наредниот период заеднички ќе се развиваат раната интервенција, услугите за советување на семејствата кои имаат деца со попреченост како и примената на асистивната технологија, со цел зајакнување на социјалните услуги, зголемување на нивната пристапност и достапност а се во најдобар интерес на децата со попреченост од најрана возраст.
Македонија
Земјотрес утрово регистриран во тетовско

Земјотрес од 3,6 степени утрово го стресе тетовскиот регион, а истиот беше почуствуван и во Скопје.
Според податоците земјотресот се случил околу 9 часот и 11 минути утрово, а епицентарот е на 8 километри од Тетово односно 32 километри од Скопје.
Потресот особено се почуствувал во местата Желино, Боговиње. Земјотресот се почуствувал и во Скопје.
Македонија
Одбележување на Платиниумскиот јубилеј – 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора

Оваа година одбележуваме 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Кралицата владее подолго од кој било друг монарх во британската историја, и стана многу сакана и почитувана личност низ целиот свет. Таа е и најистакнатиот дипломат во Обединетото Кралство, кој ги зацврстуваше старите односи и градеше нови врски.
Како дел од прославата, Британската амбасада Скопје беше домаќин на прославата во градината на Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски за да ги прославиме врските на пријателство, разбирање и почит помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија.
Британската амбасадорка Рејчел Галовеј одржа говор, поздравувајќи ги претседателот, премиерот и заменик-претседателот на собранието, како и гостите и пријателите на Обединетото Кралство и Северна Македонија.
„ Долгогодишните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија продолжија да ги зајакнуваат и ги одразуваат нашите заеднички вредности и цели, како и соработката меѓу нашите институции, нашите парламенти, нашата војска и нашиот народ“ рече Галовеј.