Македонија
(Видео) Штрајкот на СОНК ставен во мирување, учениците од утре се враќаат на училиште
Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, на денешната прес-конференција посочи дека штрајкот е ставен во мирување.
Тој објасни дека Советот на СОНК расправал во врска со добиено известување од Министерството за труд и социјална политика, за мирно решавање на спорот меѓу Министерството за образование и СОНК, по што се консултирале со правници.
„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, истакна Неделков кој објасни дека според укажувањата од страна на надлежните, станува збор за законска постапка за помирување, предвидена со Зaконот за мирно решавање на работните спорови. Ова практично значи дека учениците од утре се враќаат во училишните клупи и наставата ќе продолжи.
Претседателот на СОНК посочи и дека штрајкот повторно ќе се активира ако во наредниот период на помирување не се најде соодветно решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

