Македонија
Шукова: „Саса“ е пример како треба да се инвестира во животната средина
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денес беше во посета на рудникот Саса во Македонска Каменица, за кој во финална фаза е постапката за измена на А – Интегрираната еколошка дозвола.
При посетата, министерката Шукова, од страна на дел од раководниот кадар на Рудник Саса, претставуван од техничкиот директор Борче Гоцевски, финансискиот директор Максим Наримбетов и раководителот на одделот за животна средина Марија Стојановска, беше информирана за промените во рамки на инсталацијата врз основа на кои е доставено Барање за измена на А – интегрираната еколошка дозвола.
Како што информираа од Рудник Саса, во изминатите неколку години, во овој рударски капацитет интензивно се вложувало во различни области, вклучително и во животната средина. Капиталните инвестиции се во насока на развивање на безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на Рудник Саса и продолжување на „животниот век“ на рудникот.

Во рамките на инсталацијата се имплементирани значителни промени во однос на унапредување на работните процеси со примена на најдобрите достапни технологии и сериозно се вложувало во обезбедување одржлив развој и унапредување на заштитата на животната средина. Она што е највлијателно е промената на методот на откопување со заполнување на празни простори, вклучително и промена на начинот на управување со флотациска јаловина. Тоа подразбира изградба на дополнители објекти потребни за имплементација на новиот проект, промена на начинот на управување со јаловината, изградба на низ нови постојки, како што се станица за припрема на паста со придружни објекти и цевковод за транспорт на засипот, постројка за суво одлагање, реконструкција на магацин за опасен отпад, склад за отпад, нова погонска лабораторија и ред други.
Воведувањето на новиот метод на откопување на рудата и новиот начин на управување со јавовината, што се во согласност со најдобрите достапни технологии, ќе има повеќекратно позитивно влијание за натамошниот одржлив развој на рудникот САСА, одржување на високото ниво на безбедност, како и уште повисок степен на заштитата на животната средина.
„Саса е добар пример како треба да се инвестира во животната средина и како со транзиција и примена на најдобрите достапни технологии може да се обезбеди одржливо искористување на природните ресурси и да се обезбеди економски бенефит, но не на штета на животната средина“, истакна министерката Шукова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

