Македонија
Ѓорчев: Шокантен демографски пад од 30 отсто во последниве 6 години, пад во септември од 13 проценти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/vlatko.jpg)
Продолжува демографската катастрофа на Владата на СДС и ДУИ. Македонија се празни и Македонија исчезнува, бројките се никогаш полоши, изјави на прес-конфренеција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
„Ако ги споредиме третиот квартал 2016-та година со третиот квартал 2023-та година доаѓаме до заклучок дека падот на новородени деца е 30%. Падот од 2016-та трети квартал е од 6.300 родени бебиња на 4.400 родени бебиња. Тоа е фрапантен пад од 92 школски паралелки само во период од 9 месеци. Ужасна бројка која што значи празни училишта, празни улици, празни градови, празни села, празна Македонија. Тоа значи дека државата ни останува без народ.
Само во септември оваа година 2023, паднат е бројот на новородени деца во однос на септември минатата 2022 година за 13%. Минатата 2022 година беше најлошата демографска година во историјата на Македонија, никогаш помалце бебиња, никогаш помалце луѓе.
Сега на таа најлоша 2022 година само во септември имаме пад од 13%. Значи од 1620 на 1400 родени бебиња. Тоа значи дека само во еден месец сме изгубиле 11 паралелки.
Ова се фрапантни бројки, ова се бројки што ги засегаат сите региони, сите градови, сите општини во Македонија.
Ова се бројки кои кажуваат дека во Македонија нема да има потрошувачи, дека општините нема да имаат луѓе, училиштата нема да имаат ученици, дека градинките нема да имаат деца, дека фирмите и стопанството нема да имаат потрошувачи.
Тоа значи дека со овие катастрофални политики на Димитар Ковачевски, на Стево Пендаровски и нивните министри од ДУИ Македонија буквално ја снемува. Катастрофални бројки, катастрофални тенденции“, изјави Ѓорчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.