Контакт

Македонија

Јавното обвинителство ги презеде предметите од СЈО

Објавено пред

Јавното обвинителство ги презеде предметите од специјалното јавно обвинителство, кое гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

„По преземањето на предметите, доверени им се на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети сè до определување надлежно јавно обвинителство и јавен обвинител, кој ќе постапува во секој предмет. Во Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе продолжат да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки и начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори, а за контрола над спроведувањето на овие мерки задолжени се двајца јавни обвинители“, соопшти Обвинителството.

Македонија

Ексминистерот Беџети одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Објавено пред

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да ја потпише екстрадицијата за двајцата обвинети во „Монструм”, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири. Ова се слушна во прислушуваниот телефонски разговор од 14 март 2013 година, кој беше пуштен во судницата.

Во едноиполминутниот разговор меѓу Љупчо Тодоровски-Радникот и Сашо Мијалков, Тодоровски вели: „Како да му напраиме притисок на овој?” Мијалков го прашува: “Јавно кажал ило не?”

Тодоровски вели дека Билјана Бришковска Бошкоски му ги дала документите за екстрадиција, но тој уште не потпишувал. Мијалков на тоа вели дека ако тоа е така, тогаш тоа е злоупотреба на функцијата.

Во друг телефонски разговор од 2013 година, Блерим Беџети на телефонаки повик ѝ одговара на Јанкулоска дека барањето за екстрадиција ќе го пушти следниот ден до властите во Приштина. Јанкулоака му вели дека притисокот на јавноста е огромен и дека новинарите секој ден се интересираат за случајот.

Јанкулоска дополнително на Беџети му вели: „Сеа најдругарски збориме, може вие калкулирате и за изборите”, а Беџети ѝ одговара дека е добро пред изборите да нема судско рочиште за предметот, а тој ќе го пушти барањето за екстрадиција.

“Пред да го пуштиме за Приштина, некако да се презакаже”, ѝ кажува Беџети на Јанкулоска.

Во останатите разговори Јанкулоска разговара со министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Беџети да му заблагодари што ги пронашле лицата кои се обвинети за „Монструм”. Сашо Мијалков пак, разговара со Драган Павловиќ Латас за да го извести дека двајцата обвинети за „Монструм” се уапсени на Косово и дека има ексклузивна вест.

Во судот денеска беа пуштени 25 бомби. Следните рочишта за „Монструм” се закажни за 4 и 10 октомври. Треба да се изведат како докази над 130 илјади смс пораки, транскрипти за кои нема разговори, пи мерки и и сл. На судењето беа присутни и роднините на убиените момчиња кои очекуваат правдата да биде задоволена.

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и го застапува.

Прикажи повеќе...

Македонија

Работна средба на Димитров со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Објавено пред

Во организација на амбасадорот на Чешката Република, земја која тековно претседава со Вишеградската група (В4), денеска се одржа работна средба на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со амбасадорите на земјите од Вишеградската група.

Во оваа група покрај Чешка членуваат и Полска, Унгарија и Словачка.

Како што информираат од ресорното министерство, Димитров ги брифирал амбасадорите за последните внатрешно-политички случувања, резултатите во клучните реформиски области, а сето тоа во контекст на потребата од октомврискиот Совет на ЕУ да усвои одлука за отпочнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Министерот се заблагодарил на досегашната поддршка на земјите од В4 на процесот на пристапување, како и на секоја од земјите од регионот поединечно.

Оваа поддршка неодамна беше уште еднаш демонстрирана преку одржување на првиот Самит на премиерите од В4 и Западен Балкан.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се реконструира улицата „Tодор Чангов 41“ во Аеродром

Објавено пред

Почна санирањето на улицата „Тодор Чангов 41“ во Општина Аеродром во должина од 450 метри. Станува збор за реконструкција на дел од оваа улица на која се поставува тампон во ширина од 6 метри и асфалт од 5 метри. Во наредниот период ќе се реконструираат и другите делови од улицата „Тодор Чангов“.

Општина Аеродром го продолжува континуитетот на реконструкција, санација и рехабилитација на улици на целата територија. Интензивно инвестираме во изградба на нова, како и подобрување на веќе постојната патна инфраструктура во сите делови на општината.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Ексминистерот Беџети одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да ја потпише екстрадицијата за двајцата обвинети во „Монструм”, Африм Исмаиловиќ и...

Македонија2 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија2 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ3 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет4 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет5 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет6 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет17 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт18 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион19 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија20 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија22 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија24 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија24 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 ден

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија1 ден

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет1 ден

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Досие