Македонија
(Видео) Јанушев: На 15 јули заедно со граѓаните ќе им порачаме на СДСМ и на Заев – доста е за сите лаги

На 15 јули заедно со граѓаните ќе им порачаме на СДСМ и на Заев – доста е за сите лаги и лажни ветувања, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој беше во посета на општина Зелениково.
„Покрај многуте проекти, она што го планираме е порастот на платите и пензиите и намалувањето на невработеноста, а она што е особено битно исто така за овие луѓе е во делот на земјоделството, но и на обновата на фасадите во домовите. Она што исто така е факт е што имавме можност да поразговараме за делот неостварени ветувања, односно лаги на СДСМ, овде во Зелениково, еден таков пример е и мостот овде во месноста Река, кој и покрај ветувањата, покрај лажењето во неколку наврати во минатото и од страна на градоначалникот, односно локалната самоуправа, но и од страна на другите високи функционери на СДСМ, буквално ништо не е направено“, рече Јанушев.
Затоа, додаде тој, време е да кажеме дека е доста и оваа Влада и овие политичари да заминат на темната страна на историјата.
„Ние сме поинакви. Ние нудиме иднина, извесност, ние нудиме да бидат со крената глава и исправена кичма. Сето она што е ставено во програмата, во проектот ‘Обнова’, ние земаме обврска, се обврзуваме пред граѓаните дека тоа ќе биде почитувано и ќе се реализира во следниот период од 4 години“, рече Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.