Македонија
Јанушев: Се надевам дека премиерот прекршител ќе си ја плати казната и за тоа нема да биде помилуван
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во денешното свое обраќање својот говор го почна со тоа дека му е мило што денеска во Собранието бил присутен премиерот прекршител и се надева дека овој пат казната за прекршок ќе си ја плати и нема да биде повторно аболиран или помилуван.
„Обидите очајни за голиот популизам мислам дека воопшто не поминуваат во јавноста, но не сум тука да зборувам за овој човек, човек кој целокупната македонска јавност доста добро го познава. Исто така, како што почнаа со предлогот за избор на старо-новата Влада, така се продолжува и со предлогот за заменик-министрите и морам а констатирам дека буквално ниту еден не гледам присутен во салата. Толку од почитта, од обидот да се покаже дека институциите треба да почнат да функционираат како што треба. Оваа старо-нова Влада, оваа Влада вети мед и млеко, ветуваше сè и сешто и никогаш не престана со тоа. Тие секогаш ветуваа повеќе, за жал, повеќе криминал, корупција, повеќе распродажба. Оваа Влада во обид е всушност мафијата, која денеска, а и во последните 4 години, владее во државата и не направи ништо.
Се обидоа преку лаги и манипулации да ги претстават старо-новите и, еве, повеќе од еден месец како поминува изборот од новата Влада, ама немаме ниту една, буквално ниедна мерка, за подобар живот на луѓето. Истите овие што сега ги предлагаат да бидат заменик-министри на највисоките функции во државата заедно со старо-новите, кои претходно ги избра парламентарното мнозинство, за еден месец не најдов дека е неопходно да предлагаат една единствена мерка која ќе биде за доброто на општеството и затоа ова Влада е мафијашка Влада“, истакна Јанушев.
Тој во своето обраќање посочи дека за неколку дена отсега прекршителот премиер“ж ќе излезе, ќе ја стави раката на срцето и ќе каже – мора тоа да го направиме бидејќи овој старо-новиот министер, кој претходно добро менаџира, но еве колку е сè добро сработено, сите ние ќе мораме повторно да седиме дома.
„Она што е интересно што оваа мафијашка Влада, кога првпат успеа да формира влада, ветуваше една работа, која продолжуваше да се провлекува во сите нивни настапи и говори, а тоа беше едно општество за сите. Еве во овие 16 предложени имаме 8 Aлбанци, 6 Mакедонци и 2 Tурци. Имаме 14 мажи и, замислете, само 2 жени. Ова беше онаа флоскула, празна реторика, за родова и еднаква застапеност. Не ви пречи на вас пратеничките од СДСМ, кои ќе го гласате ова, или како ќе каже шефот, како ќе каже капо ди туто капи, мораме да кренеме рака зашто веројатно е така“, додаде Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

