Контакт

Македонија

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Објавено пред

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.

Како што истакна неговиот адвокат, Сашо Дуковски, кривичните пријави се однесуваат на најмалку 30 лица и поради содржината Јовановски бара вклученост на меѓународните институции и амбасадите.

„Поради сериозноста на наводите, од страна на пријавителот беше побарано непосредно вклучување на најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права, особено на најрелевантните свестски амбасади кои имаат свои дипломатско-конзуларни претставништва во Република Македонија поради содржината на тоа што се изјавува“, изјави Дуковски откако минатата недела беа поднесени околу осум кривични пријави, а веројатно тоа ќе продолжи и во следните денови.

Засега е извесно дека кривичните се однесуваат за лица и конкретни дејствија коишто се поврзани со двата предмета, а со нив опфатени се и функционери од државните институции. Јовановски поднесува кривични пријави и за кршење на неговите човековите права, за нехумано и нечовечко однесување од страна на лица кои не биле директно вклучени во постапката.

Македонија

Комисијата за заразни болести бара дополнителни информации од МОН

Објавено пред

Денес повторно на Комисијата за заразни болести во присуство на претставници на Министерството за образование и наука беа разгледани и се дискутираше за Планот за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година подготвен од МОН, од аспект на безбедност на сите чинители во наставниот процес – учениците, наставниците, помошниот персонал, како и од аспект на спречување на ширење на заразата со коронавирус во училиштата.

Од страна на Комисијата за заразни болести беше побарано од МОН да достави податоци за сите училишта во сите општини земјата и бројот на деца во сите паралелки поединечно, кои се клучни податоци за да се утврди каде евентуално би имало онлајн настава, а дали и каде би било евентуално безбедно да се одвива настава и со физичко присуство.

Денес на Комисијата за заразни болести беа присутни и претставници на Министерството за труд и социјална политика и се разгледуваа и се разговараше и за протоколите за почеток на работењето на градинките. Заклучокот беше дека дел од протоколите треба да се доработат од страна на МТСП, да се разгледаат и потоа да се донесе одлука во врска со почеток на работењето на градинките.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сведоштво на прилепчанка која го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Објавено пред

Седумдесет годишната Виолета Мирчевска од Прилеп три неделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација и било семејството кое ја охрабрувало да издржи и повторно цврсто да застане на нозе.

Таа раскажува дека била ставена на кислородна поддршка и се чувствувала многу лошо.

„По една недела со симптоми на Ковид-19, бев хоспитализирана во инфективното одделение во Општата Болница во Прилеп. Моето лекување беше едно од потешките, бев ставена на кислородна поддршка и се чувствував многу лошо. Во текот на целиот престој во болницата, медицинскиот персонал го даде својот максимум. Неуморно работеа за подобрување на мојата состојба“, вели Виолета.

Додава дека без лекарите немала да успее да ја преживее оваа битка. Исклучително е благодарна за грижата, но и за хигиената во установата.

„Голема мотивација ми беше семејството, децата, мојот брат и сопругот кои ја поминаа приказната заедно со мене. Упатувам апел до граѓаните да носиме маски, да се грижиме за нашата хигиена и да држиме растојание од 2 метра“, вели Виолета чиешто сведоштво го сподели министерот Венко Филипче на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Продолжува кампањата на Град Скопје за бесплатно собирање на остатоците од бербата од нивите

Објавено пред

Град Скопје ги повикува граѓаните да ја искористат можноста за бесплатно собирање на остатоците од бербата, со што ќе се придонесе за спречување палење на стрништата.

„Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава ќе го опфати целиот Скопскиот Плански Регион“, информираат градските власти.

Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, Градот како дополнителна мотивација годинава нуди можност секој што ќе ја искористи оваа мерка во сезоната на садење да добие речиси 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад.

Скопје е прва единица на локалната самоуправа што спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето евентуални пожари, кои често предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Сведоштво на прилепчанка која го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Седумдесет годишната Виолета Мирчевска од Прилеп три неделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација и...

Топ1 час

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија2 часа

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, информира дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет2 часа

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија3 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија3 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет4 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет4 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет5 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија5 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија20 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија20 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа20 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија20 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија21 час

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија23 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија23 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија23 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија1 ден

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет1 ден

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Досие