Македонија
ЈСП: Донесена е одлука за зголемување на платите, најавениот протест е политички мотивиран и штетен за граѓаните

Во врска со најавеното излегување на протест од страна на Независниот синдикат во ЈСП Скопје, од претпријатието информираат и укажуваат дека ваквиот вид политички мотивирани дејствија се неприфатливи и штетни за целокупното работење на претпријатието и на штета на граѓаните, корисниците на јавниот превоз.
Јавноста и вработените треба да бидат информирани дека Управниот одбор на ЈСП Скопје на 19.4. 2022 год ги прифати барањата на Независниот синдикат со Одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2800,00 денари.
Поради ова ги осудуваме ваквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се придонесе кон развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП Скопје, туку, напротив ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто, се вели во соопштението од ЈСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре изменет режим на повеќе линии на ЈСП, поради блокада на крстосницата во Автокоманда

Утре од 7 до 10 часот, поради најавената блокада на раскрсницата во Автокоманда на булевар „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
По изменети траси ќе сообраќаат:
Линии 43, 45, 50, 50А, 52, 53, 55, 55 В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68
Во насока на Дом на печат, Клинички центар и Транспортен центар, во Автокоманда преку булевар „Александар Македонски“ ќе се исклучуваат на клучката Дијамант, па по булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар, а линиите 43, 50 и 50А од Транспортен центар, преку Југодрво и Рекорд, ќе продолжуваат до крајните постојки на Дом на печат и Клинички центар.
Во обратна насока, ќе сообраќаат по истиот изменет режим.
Линија 54
Од кај Бриколаж, од улица „Перо Наков“, ќе врти лево по булевар „Киро Глигоров“, па по булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајната постојка на Транспортен центар.
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линија 16
Од Пржино према Железара ќе сообраќа преку Чаир (Бит пазар, Чаир, Железара).
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линиите 13 и 42
Во насока на Железара, движејќи се од Кисела Вода и Драчево, кај Фершпед ќе вртат лево на улица „808“, ќе поминат пред дирекција на ЈСП се до постојката кај „Алкалоид“ која ќе биде почетна/крајна постојка
Лините 2 и 2А
Во насока на Автокоманда, на кружниот тек кај Континентал, ќе се враќаат назад на кружниот тек и почетно/крајна постојка ќе им биде постојката кај Светлост.
Македонија
Утре топло време, попладне пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија
Утре и задутре без струја повеќе делови на Скопје

ЕВН информира дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 1515, ул. 1513 и дел од ул. Саса во околината на ОУ Рајко Жинзифов во нас. Пинтија. (Oпштина Кисела Вода)
на ден 28.06.2022 година ( вторник ) :
од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Добри Дол. (Oпштина Сопиште)
од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Горно Соње. (Oпштина Сопиште)
од 09:00 до 10:30 часот, објектите во околината на бул. Партизански Одреди бр. 70. ( Општина Карпош)
од 09:00 до 14:00 часот, ул. Желево зграда 3 и зграда 5 и ул. Разловечко Востание зграда 22 и зграда 24. (Општина Карпош)
од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Побожје. (Oпштина Чучер Сандево)