Македонија
ЈСП ќе вози бесплатно и до Македонско село за викенд и за празници
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од викендов воведува бесплатен превоз на патници и на автобуската линија број 28 од Транспортен центар до Македонско село. Од претпријатието велат дека превозот ќе биде бесплатен со цел промовирање на градските историско-културни знаменитости.Бесплатниот превоз ќе важи за деновите од викендот, односно сабота и недела, и во денови на државен празник.
Истовремено, донесена е одлука автобуските линии со број 25А Автомакедонија – Средно Водно и број 25Б Дом на печат – Средно Водно да станат дел од редовниот линиски превоз, покрај линијата 25, чија почетна станица е Транспортен центар, а оди до Средно Водно, која е веќе редовна автобуска линија. Во изминатиов период 25А и 25Б функционираа како пробни линии. Превозот на овие линии како и досега ќе биде бесплатен за време на викенди и државни празници.
Возниот ред на линиите е објавен на веб-страницата на претпријатието www.jsp.com.mk. „Потребата за воведување бесплатен превоз на претходно посочените линии е инициран од Град Скопје, по предлог на голем број граѓани, пред сè од еколошки аспект и ставање во контролирано и регулирано движење до Средно Водно и подрачјето на Нерези – Македонско село“, велат од ЈСП.
Очекуваат со бесплатниот превоз да ги поттикнат граѓаните да ги остават возилата и да ги користат услугите на ЈСП со што ќе придонесат за зачувување на природните убавини кои ги има планината Водно и подрачјето на Нерези.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

