Контакт

Македонија

Ќерка на македонски политичар уапсена за шверц на дрога на Миконос

Објавено пред

Инфлуeнсерка од Македонија која е ќерка на политичар е една од уапсените на грчкиот остров Миконос за продавање  кокаин и екстази, пишува „Прототема“.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на грчкиот весник, станува збор за 21-годишна девојка.

Упасени се уште двајца македонски државјани и еден либански ди-џеј, кои полицијата ги следела веќе подолго време.

Македонија

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Ново село

Објавено пред

Сообраќајот на магистрачниот пат Струмица – с.Ново село е нормализиран во 14.55 часот, на делницата од Струмица кон с.Дабиле во близина на клучката кон с.Сачево.

dobivaj vesti na viber

Претходно, сообраќајот беше во прекин поради сообраќајна несреќа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во прекин сообраќајот на магистралниот пат Струмица поради сообраќајна незгода

Објавено пред

Од АМСМ известуваат дека сообраќајот на магистален пат Струмица – с.Ново село , на делницата од Струмица кон с.Дабиле во близина на клучката кон с.Сачево е во прекин поради случена сообраќајна незгода.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот е пренасочен е по локален спореден земјен пат.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: Министерката што ја цензурира сопствената култура треба да си поднесе оставка

Објавено пред

Вчера сите се згрозивме од скандалозната изјава на министерката за култура, Бисера Стојчевска. Министерка која што доаѓа директно од редовите на СДСМ. Стојчевска ни кажа всушност дека треба да живееме како Орвеловата 1984, цензурирано. Министерката јасно и гласно ги потврди стравувањата на македонското општество, на македонските граѓани, на народот дека договорите на оваа влада која што ги прави со Бугарија водат кон асимилација и тивка цензура на македонското творештво, нашето најголемо богатство, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека министерката за култура меѓу редови кажа што содржи и што предвидува Протоколот кој што го усогласија владата на СДСМ и Бугарија. Секое она дело кое што ќе обработува содржина која според бугарската страна е оценето како говор на омраза нема да биде поддржано со државни средства.

Арсовски постави прашање до министерката, дали воопшто знае колку творечки дела, филмови, песни, романи се создадени и се поврзани со тематиката од втората светска војна или историјата на македонскиот народ, која што сега е оспорувана од страна на Бугарија?

Дали знае дека ова кое сега власта и вие го прави е класичен тоталитаризам кој цензурира говор, кој ограничува творечка мисла на уметниците?!

Замислете никој во светот не ограничува творечка мисла на уметниците. И сега повторно најверојатно ќе почнете како и во претходното време во комунизмот да создавате подобни и неподобни уметници. Најверојатно тоа е вашата цел, истакна Арсовски.

Дали сте свесни и вие како Стојчевска и целото СДСМ, дека вчера се откажаа од сите историски филмови кои ги снимиле доајените на македонското платно, се откажаа од сите сценарија напишани за македонскиот непокор и мака, се откажаа од буквално се, но и онака како и што се очекуваше дека ќе се откажете буквално од се што е македонско, додаде Арсовски.

Срамно и бедно! После ваков скандал Стојчевска треба да си поднесе оставка, бидејќи министерка што се срами и ја цензурира сопствената култура, не може да биде министерка на Република Македонија. Срамно и бедно, може да биде само министерка која што одработува за туѓи интереси, изјави Арсовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Обид за убиство на затвореник во „Идризово“, во тешка состојба е однесен во болница

Неколку минути по полноќ, обид за убиство на затвореник имало во затворот „Идризово“. Со две рани и во тешка состојба,...

Свет5 часа

Ентони Блинкен: Кина се оддалечува од мирно решавање на проблемот

Последните дејствија на Кина во Тајван се поблиску до принуда и употреба на сила отколку до практиката на мирно решавање...

Свет5 часа

Службеник на Министерството за одбрана на Тајван пронајден мртов во хотелска соба

Заменик-шефот на единицата за истражување и развој на Министерството за одбрана на Тајван е пронајден мртов утрово во хотелска соба,...

Свет6 часа

Пекинг: Меѓународната заедница мора да одговори на притисокот на САД

Кинеските власти сметаат дека е неопходно меѓународната заедница да се обедини против „непромислениот“ притисок на САД и нивното мешање во...

Свет7 часа

Израелскиот премиер по нападот: Операцијата ќе трае онолку колку што е потребно

Јаир Лапид, премиерот на Израел, зборуваше откако израелската армија изврши ракетни напади врз цели во Појасот Газа, при што беше...

Регион7 часа

Најмалку 11 лица загинаа во автобуска несреќа во Хрватска

Автобус со полски регистерски таблички излетал од патот на автопатот А4 во правец кон Загреб и според првичните информации има...

Свет7 часа

Воени вежби за можен кинески напад – Тајван подигна авиони и ги активира ракетните системи на островот

Тајванските власти утринава објавија дека во саботата во Тајванскиот теснец биле откриени голем број кинески авиони и воени бродови кои...

Свет7 часа

Се преврте чамец на Флорида, две лица се удавија

Најмалку две лица се удавија, а осум се извлечени од морето откако денеска се преврте чамец во близина на Флорида...

Свет19 часа

Гутереш: Невозможно е да се решат светските проблеми без дијалог меѓу САД и Кина

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека е невозможно да се решат горливите прашања, како што е глобалното затоплување,...

Македонија20 часа

Нови 739 позитивни случаи на коронавирус, починало едно лице

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Регион21 час

Мал авион слета на автопат во Словенија

Помал авион принудно слетал на автопатот кај Брежје во правец кон Јесеница во Словенија, јавуваат словенечките медиуми. Како што соопштила...

Топ23 часа

Убиен маж, пронајден застрелан во автомобил во Скопје

Триесет и деветгодишен маж е пронајден мртов ноќеска во автомобил на самата крстосница помеѓу с. Радуша и с. Свиларе, Скопско....

Култура23 часа

Почина актерот Митко Апостоловски

Македонскиот актер Митко Апостоловски почина на 67-годишна возраст. „Денеска нѐ напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со...

Топ1 ден

Уште 30 дена притвор за Габриел Бајрам, судот се сомнева на реална опасност од бегство

Додека Габриел Бајрам се жали на осумдневниот притвор, кривичен суд одлучи дека осомничениот за насилство треба да остане уште 30...

Свет1 ден

Секој осми човек заразен со Ковид-19 има долготрајни симптоми

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирусот развива барем еден долгорочен симптом на ковид, според една од најобемните студии...

Европа1 ден

Кина воведува санкции против Ненси Пелоси

Пекинг има намера да воведе санкции против претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, јавуваат медиумите во регионот. Санкциите...

Регион1 ден

Ќучук: Не се согласувам дека историјата е турната некаде под килим, прашањето е каде сака да биде Северна Македонија

„Историјата е составен дел на преговарачиот процес, таа не е турната под килим, напротив – заедничката историска комисија треба да...

Свет1 ден

Гром удри до Белата куќа, 4 лица во критична состојба

Четири лица се повредени откако гром удри во близина на Белата куќа во четвртокот вечерта, соопштија пожарникарите. Пожарникарите од округот...

Свет1 ден

Тајван: Кинеската армија повторно ја премина централната линија на теснецот

Министерството за одбрана на Тајван утринава соопшти дека неколку бродови и авиони на Народноослободителната војска на Кина повторно ја преминале...

Свет1 ден

Бајден: Мајмунските сипаници вонредна здравствена состојба во САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја прогласи мајмунската сипаница за вонредна состојба за јавно здравје во САД. „Подготвени сме да го...