Македонија
Ќе се гради мини ски-центар на Калин Камен: oпштина Крива Паланка почна постапка за изработка на урбанистичко-планска документација

Општина Крива Паланка и официјално ја почна постапката за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на мини ски-центар со ски-лифтови на планинскиот локалитет Калин Камен. Со оваа иницијатива се поставуваат темелите за развој на нова туристичка дестинација во источниот дел на државата, соопшти Општгината.
Овој чекор претставува дел од поширока стратегија за ревитализација и валоризација на Калин Камен, кој од запоставен предел се трансформира во атрактивна планинска зона за спорт, рекреација и туризам, велат од Општината.
Како што информираат од Општината, во изминатите 3,5 години веќе се реализирани значајни активности на терен: завршени се две фази од алтернативниот пат од Бз Кошари до Калин Камен; обезбедени се проектна документација и финански средства за изградба на адреналински парк; изработена е проектна документација за водоводна линија Калин Камен – Варовиште – Кркља; обезбедена е техничка документација и поднесена е апликација за реконструкција на патот од Јоаким Осоговски до Калин Камен; донесен е урбанистички план за хотелско сместување со веќе издадени две дозволи за градба; урбанистичко-планската документација за типска викенд-населба од 60 куќарки е во завршна фаза; донесена е урбанистичка планска документација за хотелски капацитети на локацијата Езерце на површина од 27.000 м².
„Визијата за Калин Камен е конкретна, остварлива и веќе почната. Општина Крива Паланка продолжува да работи со јОпштина Крива Паланка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.
Македонија
Дрво падна кај Млечен, оштетени три автомобили, скинати кабли од бандера

Дрво попладнево падна на улицата Анкарска кај популано именуваниот реон „Млечен ресторан“.
Паднатото дрво има оштетено три автомобили.
Од Центарот за управување со кризи, информираа дека полицијата е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата.
Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера.
Известени се надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.
Фото: Илустрација
Македонија
Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен Таравари за можноста за повторна соработка.
„Според албанската традиција и обичајното право, домот не е едноставно место каде што живееш, туку тоа е име и идентитет! Дали вратата или куќата е голема или мала го прави сопственикот на куќата. Честа, довербата, дадениот и одржан збор и мажественоста се атрибутите кои овој сопственик мора да ги има. А кога ги нема, тоа не се нарекува ниту куќа, ниту врата, а камоли голема“, се вели во објавата на Села.
Таравари претходно вчера рече дека кој сака е добредојден да им се придружи. Одговарајќи на новинарско прашање дали е можно повторно спојување со лидерот на другото крило од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, тој изјави: „Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“.

„Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“ – Арбен Таравари
Алијансата за Албанците на Таравари одлучи на локалните избори да излезе со посебни листи за општински советници.