Македонија
Ќе се спроведе комбиниран модел на попис, што го вклучува и електронското попишување, велат од СДСМ
Социјалдемократскиот сојуз појасни дека новиот комбиниран модел на попишување во дел го вклучува и електронскиот попис, со што ќе се добијат прецизни и релевантни податоци важни за идниот развој на државата.
За новата методологија, од СДСМ образложија дека електронскиот попис заедно со теренското попишување ќе обезбеди заокружен процес и целосна успешност на пописот.
„Со вкрстување на податоците што ќе се добиваат од електронските прашалници на терен со податоците од базите што веќе постојат во државата, ќе се добие целосен преглед за податоците што се неопходни, но не се опфатени со електронските бази. Преку овој комбиниран модел, кој е познат во светската пракса, ќе спроведеме попис во согласност со препораките на ОН и Евростат“, велат од СДСМ.
Наспроти барањето на ВМРО-ДПМНЕ за спроведување само електронски попис, социјалдемократите сметаат дека тоа не би било доволно за да се добијат комплетни податоци бидејќи одреден дел од податоците од електронските бази не ја даваат комплетната и прецизна слика.
„Само со електронски попис не може да се добијат сите потребни податоци за нерезидентните граѓани, односно граѓаните што се во странство повеќе од една година, а ниту една база на податоци не ја дава комплетната слика за видот, стандардите и бројот на живеалиштата на нашите граѓани. За креирање издржани, долгорочни политики и стратегии, потребни се сите релевантни и прецизни податоци што ќе се добијат од пописот и затоа тој мора да биде и ќе биде спроведен во согласност со сите стандарди“, наведе СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

