Македонија
Ќулавковa: Ако се откажеме од нашето минато, ќе оставиме пат за Бугарија да каже дека сме бугарско малцинство
Ако се откажеме од нашето минато, не само што ќе бидеме без корени, ќе оставиме пат за Бугарија да каже дека сме бугарско малцинство кое во дадени историски околности се издвоило во Југославија, вели Катица Ќулавкова од МАНУ.
Според Ќулавкова, безумно е да се бара да си го поништиме сами државотворното право, потеклото и идентитетот кои се темелат на тоа потекло.
„Ние суштински и де факто не сме биле исти народ, ние сме биле два соседни народа кои како и многу други народи биле заедно во составот на големите империи. Ако тие воопшто биле во тоа време тука, бидејќи македонските Словени или словенските Македонци докажано е дека се домородни на оваа територија, за Бугарите има и други теории во кои не би навлегувала бидејќи не сум историчар“, вели Ќулавкова.
Таа се осврна и на Договорот од Преспа, со кој, според неа, сме ја поништиле историјата со тоа што се согласивме дека немаме ништо со антиката.
„Имале-немале, ние имаме право да ја истражуваме и бидејќи сме дел од таа територија и веројатно популација, имаме право да се повикуваме на неа и да ја штитиме, браниме и така натаму“, рече Ќулавкова.
Денеска во МАНУ беше одбележана 100-годишнина од смртта на Марко Цепенков, а според Ќулавкова токму врз творештвото на Марко Цепенков, ние денес можеме да истражуваме што е она што е специфично за македонската нација некаде во 19 век и почетокот на 20 век.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси
Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен од заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот истакна дека во буџетот не се предвидени средства за набавка на еколошки автобуси, што беше образложение на власта за одбивање на амандманот.
„Основната лекција во креирање буџет е да има приходна и расходна страна, ако на приходната страна нема пари, не може да има трошок на расходната страна. Велите гледаме да купиме 120 автобуси, а ги нема ви буџетот, како 35 милиони за Мајка Тереза универзитетот, што ги најдовте, а во буџетот се предвидени одвај 100.000 евра“, рече Битиќи.
Тој истакна дека денеска тие шест еколошки автобуси, не изникнаа, тоа пред 5 години е влезено во програмирање, така се води држава, една партија почнува, друга ќе продолжи, тоа е нормален начин.
„Вашата градоначалничка во Скопје, требаше да купи 250 еколошки автобуси, па БРТ, за да денеска нема ни БРТ, ни еколошки автобуси, гледаме дали Белград ќе ни даде. Не само да кажуваме дека планираме, три години видовме во Скопје како се планира, и како не се купуваат 250 автобуси, порача пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Македонија
Поради сообраќајна незгода, во прекин сообраќајот на патот Велес-Градско
Од 18:40 сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е во прекин поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за прочистување на Дојранското езеро
ВМРО-ДПМНЕ одби уште еден амандман на СДСМ, со кој беше предложено да се обезбедат средства за изградба на колекторскиот систем во општина Дојран. Овој проект е од суштинско значење и за санитарните и за еколошките услови во општината, особено за заштитата на водата во Дојранското езеро, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисијата за финансирање на буџет.
– Со овој колекторски систем ќе се овозможи собирање и прочистување на отпадните води, пред нивното испуштање со што ќе се спречи загадувањето на езерото и ќе се подобри квалитетот на водите, придонесувајќи за заштита на природната средина, рече Лукаревска.
Таа објасни дека со реализација на овој проект општина Дојран ќе го зајакне својот туристички потенцијал, ќе има позитивни економски ефекти, а ќе се зголеми и квалитетот на живот на локално население.