Македонија
Џафери предлага дополнувања на Деловникот за Собранието да може да заседава онлајн
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, поднесе предлог за измени на собранискиот Деловник со кои ќе биде овозможено Собранието да работи далечински. Измените се по скратена постапка и се во насока на овозможување непречена работа на законодавниот дом, велат во соопштение од собраниската прес-служба.
„Имајќи ја предвид новонастанатата состојба предизвикана од коронавирусот, поаѓајќи од уставно загарантираната функција на Собранието на Република Северна Македонија како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката, кој својата организација и функционирање ги уредува во согласност со Уставот и Деловникот, потребно е одредбите од Деловникот на Собранието да се усогласат со новонастанатата здравствена состојба.
Предложените измени се токму во насока на постигнување таа цел, односно непречено работење на Собранието со овозможување далечинска, односно електронска работа на пратениците, со електронско присуство на седниците на Собранието и работните тела, а во исто време овозможување остварување на претставничката функција“, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива по претежно суви коловози
Поради случена сообраќајна незгода, од 23:32 до 02:30 часот, патниот сообраќај на патен правец Р1101 и А3 крак Битола-Прилеп беше во прекин во двата правци. Од 02:30 часот, сообраќајот е пуштен за сите видови возила и истиот нормално се одвива, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

