Македонија
Алијансата за Албанците: ДУИ нема врска со Европа, ова е клан на насилство, ароганција, диктатура и вандализам
„Координаторот на срамот, криминалот и корупцијата денеска се обиде да манипулира со јавноста и да го одбрани тешкото прекршување што синоќа го направи над Уставот и демократијата. Тој рече дека власта ја спроведува реформската агенда, а синоќа со насилство и вандализам на Комисијата прошверцува закон со кој се продолжува мандатот на судиите и обвинителите што треба да се пензионираат и за кои целата јавност се сеќава како се именувани со пазарењата помеѓу Блерим Беџети, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, а подоцна и со Зоран Заев и Боки 13“, се вели, меѓу другото, во соопштението од опозициската Алијанса за Албанците.
Од паријата со став дека „ДУИ ги штити партизираното судство и Обвинителството бидејќи само во ваква форма може да се заштитат од 20 години криминал и корупција“.
„Спомна и странски агенди алудирајќи на руските, па затоа сакаме да го потсетиме дека руската агенда е парцелата за Дака Давидовиќ, антизападните амбасадори и тајните средби на Али Ахмети со рускиот и српскиот амбасадор, што и самиот негов претседател ги потврди“, велат од АА.
„По насилството што Талат Џафери го манифестира врз вработените во Собранието, неговата диктатура врз албанските опозициски пратеници, синоќешниот чин на Комисијата за европски прашања, е само потврда дека ДУИ нема никаква врска со Европа, реформи или демократија. Овој клан е клан на насилство, ароганција, диктатура и вандализам, кој мора итно да се отстрани од институциите и од власта“, стои во соопштението на опозиционерите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

