Македонија
Авионот на „Визер“ слета во Венеција наместо во Охрид заради итна медицинска помош на патник
Авионот на авиокомпанијата „Визер“ кој полета од Дортмунд, Германија, а место во Охрид слета во Венеција, бил пренасочен поради потреба од итна медицинска помош на патник во леталото, пишува германскиот медиум „ва. де“
На патувањето кон Охрид пилотот побарал итно да слета во Венеција, а принудното слетување го регистрира „Флајтрадар“ преку чии апликации во живо се следи авионскиот сообраќај.
„Можеме да потврдиме дека на еден патник му се слошило за време на летот. Авионот мораше итно да слета на аеродромот во Венеција за да му овозможи на патникот веднаш да ја добие потребната медицинска помош“, соопшти портпаролот на аеродромот „Марко Поло“ во Венеција.
По слетувањето се’ уште нема информации за здравствената состојба на патникот, нуту пак, се знае дали станува збор за македонски државјанин. Познато е само дека во моментот лицето е хоспитализирано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

