Македонија
„Авицена лабораторија“ со нова инвестиција за безбеден прием на пациенти и високософистициран робот за обработка на примероци за Ковид-19
 
																								
												
												
											„Авицена лабораторија“ уште од самиот почеток на пандемијата постојано вложува во своите капацитети, сѐ со цел на своите пациенти да им овозможи максимална безбедност и најквалитетна услуга по светски стандарди.
Лабораторијата во изминатите неколку месеци обезбеди нов и целосно одвоен простор за прием на пациенти за Ковид-19, комплетно физички одвоен од останатиот простор на лабораторијата, со површина од 260m², а оствари и повеќе инвестиции во моќни системи за вентилација, дезинфекција, заштитна опрема, најнова технологија за обработка на материјали.
Најново во „Авицена лабораторија“ е високософистициран робот за молекуларна дијагностика, кој е единствен од ваков тип во државата. Овој новитет ѝ овозможува на лабораторијата зголемен капацитет на обработка на материјали за Ковид-19, со целосно автоматизирана и брза постапка за обработка на резултати, за прецизни и објективни резултати, во кои е исклучена каква било можност од грешка од човечки фактор. Овој робот е единствен од ваков тип во нашата држава, но се користи во многу лаборатории низ Европа и светот.
Покрај ова, лабораторијата за своите тестови за Ковид-19 врши целосна внатрешна контрола на квалитетот, како и месечна надворешна контрола на квалитетот од реномираниот институт INSTAND Германија, што претставува гаранција за точни и прецизни резултати.
Погледнете повеќе на видеото:
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
 
														Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											