Македонија
Автобусите на ЈСП нема да возат од 21 до 6 часот
ЈСП информира дека од денеска, со оглед на одлуката на Влада на РСМ за забрана за движење на населението во период од 21-06 часот, јавниот превоз нема да сообраќа во посочениот период, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.
Термини на последни поаѓања за денеска, недела (22.03.2020 година):
Линии на ЈСП Скопје:
Линија 2 19.55 ч од Автокоманда 19.39 ч од Сарај
Линија 4 19 ч од Хром 19.40 ч од 11 Октомври
Линија 5 19.35 ч од Ново Лисиче 19.25 ч од Дексион
Линија 7 19.22 ч од Горно Лисиче 19.39 ч од Карпош 3
Линија 9 19.46 ч од Клинички центар 19.53 ч од Скопје Север
Линија 15 19.25 ч од Ново Лисиче 19.20 ч од Карпош 4
Линија 16 19.31 ч од Пржино 19.06 ч од Железара
Линија 21 18.20 ч од Тр.центар 19.10 ч од Бардовци
Линија 24 19.50 ч од Тафталиџе 19.50 ч од Кисела Вода
Линија 27 19.32 ч од Вардарска 20.04 ч од Дом на печат
Линија 41 19.52 ч од Тр.центар 19.51 ч од Типо
Линија 50 20.05 ч од Клинички центар 20.05 ч од Хиподром
Линија 57 19.40 ч од Козле 19.50 ч од Радишани
Линија 59 18.15 ч од Карпош 19.05 ч од Кучевишка бара
Линија 65В 19.46 ч од Тр.центар 20 ч од Страчинци
Линија 31 18.40 ч од Тр.центар 19.15 ч од Долно Лисиче
Линија 47 18.50 ч од Тр.центар 19.35 ч од Љубанци
Линија 56 18.15 ч од Тр.центар 19.15 ч од Бојане
Линија 60 18.45 ч од Тр.центар 19.30 ч од Матка
Линија 65 18.30 ч од Тр.центар 19.30 ч од Раштак
Линија 65А 19.20 ч од Тр.центар 20 ч од Страчинци
Линија 66 18 ч од Тр.центар 19.05 ч од Бучинци
Линија 67 18.50 ч од Тр.центар 19.45 ч од Зелениково
Линија 68 18.35 ч од Тр.центар 19.50 ч од Сушица
Линија 70 18.45 ч од Тр.центар 19.25 ч од Батинци
Линија 71 19.30 ч од Тр.центар 18.40 ч од Бањани
Линија 74 20.30 ч од Драчево 17.20 ч од Количани
Линија 81 16 ч од Тр.центар 17 ч од Блаце
Линија 160 19.05 ч од Дексион 19.30 ч од Горна Матка
Линија 164 19.30 ч од Кучково 19.15 ч од Никиштани
Линии на приватни превозници:
Линија 9 20.03 ч од Клинички центар 20.13 од Скопје Север
Линија 11 19.20 ч од Транспортен центар 19.20 ч од Рашче
Линија 11а 19 ч од Транспортен центар /
Линија 12 19.55 ч од Шишево 19.55 ч од Скопски саем
Линија 19 20.12 ч од Карпош 4 20.12 ч од Шуто Оризари
Линија 20 20.20 ч од Транспортен центар 20.20 ч од Шуто Оризари
Линија 22 19.45 ч од Транспортен центар 19.45 ч од Лепенец
Линија 23 19.55 ч од Ченто 19.55 ч од Дом на печат
Линија 45 20 ч од Транспортен центар 20 ч од Ченто
Линија 55 19.15 ч од Арачиново 18.30 ч од Транспортен центар
Линија 61 19.10 ч од Транспортен центар 20 ч од Побожје
Линија 63 19.10 ч од Транспортен центар 20 ч од Мралино
Утре првите утрински поаѓања на сите линии ќе бидат оние од 6 часот. Комплетниот преглед на сите линии може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје http://www.jsp.com.mk/PlanskiVozenRed.aspx.
На пример вообичаениот возен ред на линија 5 е од 5.05 часот, 5.30, 5.55, 6.15 часот, што значи дека во актуелнава ситуација, првиот автобус што ќе почне да сообраќа ќе биде тој во 6.15 часот.
Дополнителни информации во врска со возниот ред можат да се добијат во Диспечерски центар на 3173-224.
За последни поаѓања утре и први од задутре, корисниците на јавниот превоз ќе бидат информирани во текот на утрешниот ден.
РАБОТНО ВРЕМЕ НА БИЛЕТАРНИЦИ И ЦЕНТРИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
Од утре билетарниците и центрите за персонализација ќе почнуваат со работа од 7.30 часот.
Воопшто нема да работат билетарниците кај Транспортен центар (на излез), таа кај Пошта, а затворени во наредниов период ќе бидат и билетарниците во населбите Радишани, Карпош 4 и Железара.
До 13 часот од понеделник до сабота, ќе работат билетарниците во Бутел (кај поранешното кино), Кисела Вода, Лисиче и билетарницата во населба Даме Груев.
До 17 часот од понеделник до сабота ќе работат билетарниците во ГТЦ, Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, Зелен пазар, Бутел (кај пазарот), а истото работно време ќе важи и за билетарниците во Маџари, Драчево, кај дирекција на ЈСП Скопје, Сарај и Дом на печат.
Во недела, до 13 часот ќе работат билетарниците во Ѓорче Петров, кај Зелен пазар и таа на излез кај Транспортен центар.
Центри за персонализација
Времено затворени ќе бидат четири центри за персонализација, оној во Автокоманда (кај Шумарски факултет), во Аеродром, Влае и центарот за персонализација во просториите на ЈСП Турс.
Центрите во Карпош 2, на Бит пазар и Транспортен центар ќе работат од понеделник до сабота до 17 часот. Во недела ќе бидат затворени.
Услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје https://www.facebook.com/jspskopjee/ ), чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.
И во наредниот период продолжуваат да важат одлуките за времено укинување на бесплатните годишни средношколски и студентски билети, а и натаму укината е одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.
Времено и во наредниот период, не сообраќа туристичката линија, трите линии до Водно, а не работи ниту Жичарницата.
„Апелираме до сите граѓани, рационално да го користат јавниот превоз, притоа да носат заштитна маска и ракавици и да се однесуваат во возилата согласно препораките за превенција од ширење на коронавирусот“, соопшти ЈСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска
Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави интерпелација за членката на Антикорупциската комисија (ДКСК), Цвета Ристовска. Интерпелацијата, како што велат од Левица, доаѓа по скандалите коишто деновиве ги изнесе на виделина партијата, но и низата скандали коишто ја пратат Ристовска веќе месеци наназад.
„Не знаеме кој по ред скандал е ова со членката на ДКСК, Цвета Ристовска“, рече Крмов и образложи дека во анкетниот лист што Ристовска го поднела во 2024 година при стапување на функција, не биле пријавени две фирми на нејзините деца, Буcт ДООЕЛ и Буcт Медиа ДООЕЛ. Според Крмов токму овие фирми за време на претседателската изборна кампања добиле околу 2,2 милиони денари од ВМРО-ДПМНЕ.
„Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, ја бранеше Ристовска дека наводно законот не ја обврзува бидејќи не живеела со децата“, рече Крмов и посочи дека ваквото објаснување е контрадикторно, бидејќи во анкетниот лист бил пријавен друг имот на нејзините синови, но не и фирмите што создава сомнеж дека токму тие биле свесно изоставени.
„Значи, или Ристовска не го познава законот или, децата фактички со неа. Таа е обврзана, но свесно ја испуштила таа фирма затоа што имаме директно конфликт на интереси, каде најголемата политичка партија, којашто е моментално на власт, фактички добила тендер за изборите“, кажа пратеникот.
Крмов потсети дека има и редица други примери во кои не се реагира или се заташкуваат на случаи на функционери на ВМРО – ДПМНЕ. Меѓу нив посочи на случајот со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, поврзан со фирмата „Сити Аутсорсинг“, а претходно „Сити Логистик“, основана од таткото на Томовски, која добила државни тендери во вредност од околу 5,3 милиони евра, а случајот, како што рече, е заташкан. Исто така, потсети и на случајот со директорот на АНБ, Бојан Христовски и сомнежите за неговата фалсификувана диплома и непоседување на невалиден ТОЕФЛ сертификат.
„Убаво го паметиме случајот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што излезе дека Ристовска била предавач на истиот факултет, на истиот приватен универзитет каде што тој наводно заврши, бидејќи имаше анонимна пријава дека му е фалсификувана. Прво беше дека не била предавач, па после била предавач, па после од истиот универзитет нејзината слика беше отстранувана, па потоа сликата беше враќана, па предметот за Христовски падна кај неа. Некако интересно е како предметите на високи функционери, блиски до ВМРО – ДПМНЕ, секогаш завршуваат баш кај Цвета Ристовска“, истакна Крмов.
Од Левица најавуваат дека интерпелација е веќе подготвена и ќе биде поднесена во наредните денови, со цел да се отвори институционална одговорност за работата на членката на Антикорупциската комисија и да се спречи натамошна партизација и селективна правда.

