Македонија
Адеми на научен симпозиум во Корча
Министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска во Корча, Албанија, присуствуваше на научен симпозиум посветен животот и литературното дело на Стерјо Спасе, во оргазнизација на Универзитетот „Фан С. Ноли“ и македонското друштво „Сонце“.
Свеченото отворање на научниот симпозиум беше направено од ректорот на Универзитетот „Фан С. Ноли“, Али Јaшари, а свое поздравно излагање имаа министерот Едмонд Адеми, претседателот на Република Албанија, Илири Мета, и претседателот на македонското друштво „Сонце“, Васил Стерјовски. На научниот симпозиум присутен беше и македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски.
Министерот Едмонд Адеми ја истакна важноста на литературните дела на писателот Стерјо Спасе и се осврна на неговиот значаен придонес за подобра интеграција на македонското малцинство во албанското општество.
Тој, меѓу другото, нагласи дека творештвото на Стерјо Спасе претставува и важен мост помеѓу Македонците и Албанците и токму градењето мостови на соработка, разбирање, развивање и интегрирање во Европската Унија се заеднички определби на двете држави, што уште во своето време ги поставил токму Стерјо Спасе.
Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, ги истакна придобивката и значајноста на литературното творештво на Стерјо Спасе во Албанија и ја потврди важноста на делата и животот на писателот во однос на пријателските односи помеѓу Република Албанија и Република Македонија.
Претседателот на македонското друштво „Сонце“, Васил Стерјовски, информира за важноста и за огромниот придонес на овој значаен писател за македонското малцинство во Албанија и ги поздрави напорите на двете влади за зачувување и зајакнување на добрите односи што токму Стерјо Спасе ги постави уште многу одамна.
На научниот симпозиум се одржа и работна сесија во која се истакнуваше важноста на литературното творештво на Стерјо Спасе, а на која учествува академци и професори од Република Македонија и Република Албанија, меѓу кој и синот на писателот Спасе, проф. д-р Илинден Спасе, кој во име на покојниот писател Стерјо Спасе ја прими титулата витез на Редот на знамето од претседателот на Република Албанија, Илир Мета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 16 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемено наоблачување. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Македонија
СДСМ некогаш беше државтворна партија, а сега се занимава со трач муабети, реагира движењето ЗНАМ
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија реагираше на, како што наведуваат, обвинувањата од СДСМ, оценувајќи дека партијата „бега од одговорност со навреди, етикетирања и лични дискредитации“.
Во реакцијата, од ЗНАМ наведуваат дека СДСМ, наместо да понуди аргументи и одговори за кономската и институционалната состојба во државата, се занимава со „озборувања“ и „трач муабети“.
Партијата оценува дека СДСМ, која некогаш беше државотворна партија, денес е сведена на фабрика за навреди, конструкции и политички отров, како и дека со улична реторика покажува нервоза и очај.
Од ЗНАМ нагласуваат дека движењето не е ничја квислиншка група, туку автентична политичка сила создадена од граѓани разочарани од владеењето на СДСМ.
Во реакцијата се споменува и периодот на владеење на Зоран Заев, при што се изнесуваат критики за, како што наведуваат, националните политики и управувањето со државата. Се споменува и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, при што се посочуваат, како што стои во реакцијата, контроверзии и сомнежи за тендери и набавки.
„Политиките на Зоран Заев останаа запаметени како период во кој националните интереси се ставаа на распродажба без јасен консензус и без чувство за државничка мерка. Со рачето на срце се промовираше како чесен и достоинствен, а всушност државата ја претвори во сопствен приватен бизнис. Симболиката на „едно евро за Вицето, едно за црквата“, беше само дел што нештото го докажува. Ги распродадоа македонските национални позиции на ангро, без јасна стратегија и без поддршка, ја разнишаа довербата во институциите и ја продлабочија поделбата во општеството. И по сето тоа, истите тие кругови, истото тоа раководство, се обидуваат да зборуваат за морал и одговорност, како граѓаните да немаат паметење. Во периодот кога со здравството раководеше Венко Филипче, јавноста беше сведок на низа контроверзии, сомнежи за тендери, набавки и прашања на кои никогаш не доби целосни и транспарентни одговори. Златни визи, сомнителни бизнис релации и повластени шеми, сето тоа се случуваше во време кога СДСМ ветуваше „живот за сите“, а испорача привилегии за малкумина“, велат од ЗНАМ.
Од ЗНАМ дополнително оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со наративи за т.н. ‘српски свет’ и со случувањата во соседна држава и нивната постојана потреба да отвораат фронтови и да се караат со сите, од политички партии до новинарие прашање што партијата треба да го решава во сопствени рамки.

