Македонија
АЕК: Граѓаните и соработниците да користат алтернативни методи на комуникација
Најголем дел од своите работни задачи вработените во Агенцијата за електронски комуникации ќе ги извршуваат со работа од дома додека се во сила владините препораки.
Од АЕК информираат дека ова се однесува на сите активности и работи за кои не е неопходно физичко присуство на вработените во просториите на Агенцијата. Притоа вработените ќе ги користат сите расположливи технички алатки со цел да се избегне непосреден контакт на вработените, како што се: виртуелни конекции за пристап до податоците и системите, видеоконференции, комуникација преку интернет-алатки и електронска пошта.
Сите активности што се поврзани со пристап до системи за кои нема можност да се пристапи од дома, активности поврзани со стручни надзори во однос на работата на операторите и исполнување на законските обврски, теренски излегувања и отстранувања пречки во радиофреквенцискиот спектар и слично, вработените редовно ќе постапуваат во согласност со воспоставениот начин и метод на работа.
Во периодот што претстои Агенцијата ги охрабрува сите граѓани и соработници во најголема мера да ги користат алтернативните методи на комуникација, како што се: пристап до информации преку контакт-центарот на Агенцијата достапен на бројот 190, доставување барања и дописи преку електронска пошта [email protected], комуникација со вработените преку електронска пошта или преку телефон. Контактите на вработените, вклучително електронската пошта, мобилен и фиксен телефонски број, се достапни на веб-страницата на Агенцијата www.aec.mk
„Во ситуации кога ќе треба да се обратите писмено, ве молиме, оставете го дописот на рецепцијата на Агенцијата и стручните служби ќе постапат по него. При ваквиот начин на алтернативна работа настојуваме во целост да ги почитуваме законските рокови и обврски за квалитетот и достапноста на електронските комуникациски услуги, како и законските надлежности што ги има Агенцијата, а во исто време да бидеме во насока со препораките на Владата и да го сведеме на минимум ризикот од ширењето на коронавирусот Ковид-19“, порачуваат од Агенцијата.
Ваквиот начин на работа ќе биде координиран од кризниот штаб во Агенцијата, кој денес го одржа првиот состанок. Кризниот штаб редовно ќе се состанува со цел да се согледаат ефектите и евентуалните проблеми од ваквиот начин на работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

