Македонија
Аерозагадувањето во фокус на средбата помеѓу министерот за животна средина и градоначалникот на Сарај
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, остварија средба на која беше потенцирана важноста за интензивирање на активностите за заштита на животната средина.
Од Министерството информираат дека фокусот на разговорите бил ставен на аерозагадувањето.
„Министерот Нуредини особено ја нагласи опасноста од палењето на стрништата, што влијае не само на квалитетот на воздухот туку е и голема опасност за предизвикување поголеми пожари што негативно влијааат на луѓето, на целиот растителен и животински свет, но и на животната средина во целата нејзина комплексност“, информираат од Министерството за средбата.
Исто така, се разговарало и за статусот на тековните проекти и можноста за нивното подобрување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Поради магла намалена видливост на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и граничен премин Богородица
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија- Гевгелија и граничен премин Богородица.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

