Македонија
Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците, најавуваат од Студентскиот отпор
Министерството за образование и наука и ЈСП „Скопје“ нека бидат свесни – студентите нема да молчат додека нивното право на бесплатен јавен превоз се гази поради нечија неспособност и суетност, реагираат од Студентскиот отпор.
„Укинувањето на бесплатниот превоз е директен напад врз секој студент што секојдневно се бори со нискиот студентски стандард и високите трошоци. Неуспехот на МОН да го исплати долгот е уште еден доказ дека оваа власт нема капацитет да ги решава вистинските проблеми на младите.
Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците! Нема да дозволиме образованието и пристапот до него да бидат жртва на некадарноста на властите. Борбата почнува сега!“, се наведува во соопштението на Студентскиот отпор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од 01.01.2025 година задолжително регистарски таблички со ознака или налепница НМК
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024.
Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат националната ознака НМК или на истите да се стави налепница со национална ознака НМК до 31.12.2024 год.
Налепници НМК граѓаните може да обезбедат бесплатно во сите станици за технички преглед.
Македонија
Почина професор Тодор Јакимов, редовен професор во пензија на ФЕИТ
Проф. д-р Тодор Јакимов беше редовен професор во пензија на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Роден е во 1926 година во Велес, а високото образование го оформил на Техничкиот факултет во Загреб, каде и докторирал во 1981 година. Тој е дел од Факултетот уште од неговото основање, а од 1977 година е избран за редовен професор.
Проф. Јакимов имаше плодна научна кариера и беше истакнат член на академската и на инженерската заедница. Автор е на повеќе книги, учебници и трудови со повеќе од 150 единици. Се смета за еден од пионерите и долгогодишен носител за истражување, развој, проектирање, изградба на комплексни електроенергетски индустриски и технолошки постројки и системи за автоматско управување и моделирање на електромоторни погони.
Во работниот век извршуваше повеќе значајни функции, меѓу кои и декан на тогашниот Електротехнички факултет. Одликуван е со повеќе признанија, од кои најзначајна е наградата „11 Октомври“ за животно дело.
Македонија
Мицкоски: Очекувам завршување на најмалку три инфраструктурни проекти
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за започнатите низа инфраструктурни проекти, дали може да се очекува скоро завршување на некои од нив, информираше дека се очекува и тоа за најмалку три инфраструктурни проекти завршница.
„Да очекувам. Очекувам најмалку три и тоа многу скоро од денеска ќе биде македонската јавност известена. Многу добра работа што никој не ја примети, а поминува деновиве, а тоа се, конечно се одблокираа две големи капитални инвестиции, околу стотина милиони евра во делот на енергетиката и зелената енергија. „Сончевиот парк“ во Битола и „Ветерниот парк“ Богданци 2, нешто што не е направено седум години. Морам да ви признам, посебно за Ветерниот парк Богданци два, како го ставивме како раководство во тогашното ЕЛЕМ, така го најдовме, само со малку повеќе прашина и сега повторно поминаа овие закони во Парламент. Стотина милиони евра е тоа зелен енергија, а знаете дека од 01.01. 2026 година сите оние што ќе извезуваат во Европска Унија ќе мора да имаат потекло на електричната енергија што ја користат во својот производен процес да е зелена. Ако не е ќе плаќаат даноци и тоа не обврзува планот за раст. Затоа е многу важно дека сето ова што го правиме, го правиме, на дневна основа одблокираме процеси. Еве и денеска овие што преземавме 500 милиони за да се раздолжиме на 25 јануари. Очекуваме меѓу 9 и 10 да стигнат, за да се раздолжиме. Заштедивме најмалку 200 милиона, а ако издадевме еврообврзница со каматна стапка сигурно ќе беше над шест процент. Мора да се бориме за Македонија и за македонските граѓани сега ние на дневна политика тоа е“, изјави премиерот Мицкоски.