Македонија
Активисти симболично запалија ѓубре пред Владата : Се гушиме од отпад и депонии, отруени сме
Активисти од иницијативата „Не биди ѓубре“ и здружението О2 попладнево симболично запалија смет пред Владата за да им укажат на надлежните како се живее во Визбегово и во главниот град, каде чадот е секојдневие.
,,Денешната акција е наменета за Владата, за да видат, ако не виделе до сега, како е да се живее еден ден во скопско Визбегово, а и на многу други места низ земјава каде постојано чури запалено ѓубре, депонии”, велат од Иницијативата О2.
,,Ѓубрето го оставивме пред Влада, чадот од димните машини да осетат како живееме во градов и земјава каде се гушиме, со затворени прозори живееме и лето и зима, отруени сме. Тие што треба да го регулираат отпадот, ѓубрето спијат, ич не им се брза. Немаме ништо од трите РРР – Редуцирај, Реупотреби, Рециклирај, во град со огромен број на индивидуални домови, зелениот отпад, лисја, гранки, завршуваат на Дрисла, наместо да се компостираат.
Се пали онаму каде нема поставено контејнери, каде не се собира редовно. Се пали и таму каде има контејнери. Ѓубре расфрлано насекаде. Мини депонии ко национално обележје”, објавија од Иницијативата О2 на Фејсбук.
Тие се пожалија дека полиција ги легитимирала. ,,Ние сме запрепастени од грижата на МВР за спроведување на Законот за јавна чистота, цитирање на членови, казни изрекување, ама САМО околу Влада и САМО за активисти.Иако им беше кажано дека е повикано возило од Комунална хигиена да го собере ѓубрето, дека преку улица одиме да завршиме со чистењето, не, ако сме се тргнеле од ќесите, ќе нè казнеле, веднаш. И заминавме, казнете нè.Камионот на комунална се појави после неколку минути и ги собра кесите”, укажуваат од О2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

