Македонија
Активни два пожара на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се се уште активни.
Се уште гори во подрачјето „Јасен“, во општина Македонски Брод, и во општина Струга, Октишка краста, каде што гори ниска вегетација.
Под контрола се ставени три пожари: oпштина Сарај 2: село Радуша кон село Дворце каде што гори ниска вегетација, општина Арачиново (гори ниска вегетација) и општина Демир Хисар, село Мало Илино (гори дабова шума).
Како што соопшти ЦУК изгаснати се 20 пожари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска – Давкова: Посакувам она што денеска го видов: една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска гласаше на локалните избори. Во објава на социјалните мрежи таа напиша дека посакува она што денеска го видела, една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг.
„Очекувам триесетгодишното изборно искуство да се повтори: пристојни, фер и демократски избори. Ја извршив мојата граѓанска обврска, верувам дека тоа ќе го сторат и другите граѓани. Посакувам она што денеска го видов: една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг“, објави Сиљановска – Давкова.
Македонија
(Видео) Филипче: Сметам дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри

Сметам дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат, изјави лидерот на СДСМ,Венко Филипче, кој денеска гласаше на локалните избори.
„Ви благодарам на сите за присуството, очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори. Ги повикувам луѓето да излезат во што поголем број. Многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број граѓани. Тоа е наше право и одговорност и тоа е наша обврска. Јас сум задоволен од тоа како течеше кампањата, мислам дека имавме фер кампања, мислам дека имавме инструменти и начин да допреме до многу голем број на граѓани, да ги преставиме нашите кандидати, нашата програма. Сметам дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат“, рече Филипче.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Очекувам да прогласиме уште една историска победа

„Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани. Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
„Народот за време на кампањата, но и изминатиов период, може да направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше.
Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните“, соопшти тој.