Македонија
Активни се десет пожари во Македонија
Денес, понеделник, 12 август, до 19:00 часот има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои во моментов 10 се активни, 7 се под контрола и 7 се изгаснати, објави Центарот за управување со кризи во последниот извештај за пожарите.
1. Општина Македонски Брод: Јасен – Белица (борова шума);
2. Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума)
3. Општина Новаци: с.Полог – Тапевци – Гнилеж – Паралово (ниска вегетација);
4. Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино (борова и букова шума);
5. Општина Кичево 2: с.Челопеци и с.Бигор Доленци (мешана шума);
6. Општина Ресен: Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон Стење, Охридска страна, (нискостеблеста вегетација);
7. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово – Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
8. Општина Кичево 3: с.Туин, Калешовци (дабова шума);
9. Општина Гази Баба: с.Трубарево (сува трева);
10. Општина Крива Паланка: нас.Ловачки дом (сува трева).
ПОД КОНТРОЛА: 7
1. Општина Неготино: Кај ТЕЦ Неготино (сува трева);
2. Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума);
3. Кичево: с.Зајас (мешана шума);
4. Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина, Плаќенска планина, во општините Охрид и Демир Хисар е под контрола (4 НШ) (ниска вегетација);
5. Општина Чашка: с.Ореше, с.Папрадиште (мешана шума);
6. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
7. Општина Липково: с.Никуштак (депонија).
ИЗГАСНАТИ: 7
1. Општина Неготино: Пепелешки мост – месност Јаворица (нискостеблеста деградирана шума и сува трева);
2. Општина Виница: круг на Фабрика Треска (сува трева и пелевина);
3. Општина Босилово: с.Бориево (сува трева);
4. Општина Аеродром: под мостот на р.Вардар, на патниот правец Идризово – Долно Лисиче (ѓубре);
5. Општина Кочани: Градска депонија (ѓубре, сува трева и нискостеблести растенија);
6. Општина Липково: с.Матејче (нискостеблеста шума);
7. Општина Кичево: кај Стража.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

