Македонија
Акција за отстранување на дивопоставените тезгиња околу Зелениот пазар
Инспекција на Општина Центар изминативе денови спроведе акција за отстранување на дивопоставените тезгиња и дивите препродавачи околу Зелениот пазар.
Од Општината велат дека на акцијата ѝ претходеле опомена и известување, меѓутоа и покрај тоа, некои од дивите препродавачи продолжиле со продажба на индустриски и земјоделски производи на недозволено место, на пристапните патеки и тротоарите околу пазарот.
„Сите затекнати диви препродавачи се санкционирани во согласност со законите и правните регулативи“.
Оваа акција се спроведува по барање од граѓаните и нивните пријави дека им се отежнати движењето и пристапот до своите влезови. Веќе подолго време во овој дел од Центар постои реална опасност од ширење заразни болести, што се должи на препродажбата на производи во нехигиенски услови“, соопшти Општина Центар.

Оттаму најавија дека акцијата ќе продолжи сѐ додека не се отстранат сите диви препродавачи и дивопоставени тезгиња на Зелениот пазар, но и на целата територија на општината каде што ќе се појават. Оваа акција е во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот пазарен инспекторат, инспекцијата на Град Скопје и службени лица од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

