Македонија
Албанија и Косово го поздравија договорот за името

Од Албанија и Косово пристигнаа честитки за договорот за името што денеска го потпишаа Македонија и Грција.
Во честитката, официјална Тирана го оцени договорот како нова страница за добрососедството.
„Во преубавата Преспа, која ги обединува трите народи и нашите соседни земји, граѓаните на двете земји, регионот, претставниците на Европската унија и Обединетите нации, станаа сведоци на нова страница за добрососедски односи и соработка во европски дух.Ги охрабруваме двете земји да ги превземат сите чекори за стапување во сила на договорот. Овој договор е во служба на пријателството, напредокот и европската перспектива на двете земји и граѓаните на нашиот регион“, се вели во соопштението од министерството за надворешни работи во Албанија.
Честитка за потпишувањето на договорот пристигна и од спикерот на косовското собрание Кадри Весели кој го опиша договорот како историски, храбар и правичен чин што ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете земји и регионот, додека косовскиот претседател Хашим Тачи кој преку социјалните мрежи напиша дека евроатланската интеграција на Македонија е добра за Косово.
Договорот денеска го поздравија и албанските политички партии во земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.