Македонија
Алијансата за Албанците бара бесплатно тестирање за печалбарите
„Пандемската состојба се влошува и очигледно е дека излегува од контрола. Владата докажува неспособност и ги оптеретува животите на граѓаните во секоја област од животот.Печалбарите кои се враќаат во својата татковина за да ги поминат годишните одмори со членовите на семејството, исто така, го доживуваат ова на своја кожа. На граница, на некои луѓе не им се прифаќаат тестовите направени во западните земји каде што работат и ги принудуваат да се тестираат во Северна Македонија со надуени цени, до 100 евра, што предизвикува огорченост и разочарување од ненормално однесување на државата, каде што се родени, инвестираат и плаќаат даноци како и сите други граѓани и се главните автори за пополнување на државниот буџет“, соопшти Алијансата за Албанците.
Тие бараат од државните гранични власти да не бидат селективни на границата и да постапуваат правично кон сите граѓани и да не го влошуваат влезот на граѓаните во татковината.
„Сведоци сме дека повеќето тестови се донации од меѓународната заедница и бараме да бидат ослободени истите граѓани од нивната исплата како на границата така и во здравствените установи во рамките на државата. Исто така, бараме тестовите направени во западните земји да бидат прифатени како валидни и да се дозволи слободно движење на нашите печалбари, кои заслужуваат дури и повеќе“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

