Македонија
Алијансата за Албанците бара итно да се разреши вицепремиерот Бујар Османи
Алијансата за Албанците бара веднаш да се разреши вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е обвинет за корупција.Тие го поздравуваат соопштението на Специјалното јавно обвинителство за нов бран обвиненија во случаи на злоупотреби откриени од скандалот со прислушувањето.
,,За посебно поздравување е обвинението против вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, со кое се означува отворањето на првиот значаен случај против функционер на Демократската унија за интеграција (ДУИ)”, соопшти партијата.
Алијансата за Албанците го повикува премиерот Заев, веднаш да го разреши Бујар Османи со оглед на сериозноста на покренатите обвиненија против него за злоупотреба на државни пари во 2010 година, додека беше министер за здравство.
,,По овој обвинителен акт, Бујар Османи нема морален легитимитет да ја води агендата за европски интеграции, ниту стратегијата на владата за спроведување на приоритетите на итни реформи за ЕУ кои произлегуваат од Пржинскиот договор, кои во главно се однесуваат на реформите во секторот за правда и борбата против корупција. Покрај тоа, неговото понатамошно вршење на функцијата сериозно би и наштетил на независноста на судството, имајќи го во предвид високото ниво на политичко мешање во судството, наведени и во сите неодамнешни независни проценки од страна на Европската комисија и Европскиот парламент. Бујар Османи треба веднаш да биде разрешен за да им овозможи на судиите да бидат во состојба да донесуваат одлуки без политичко мешање и притисоци”, смета партијата.
Во соопштението се наведува дека ДУИ владее со земјата заедно со ВМРО-ДПМНЕ цела деценија, со корупциски скандали од широки размери, политички мотивирани и монтирани случаи против невини Албанци. Имунитетот кој што корумпираните функционери на ДУИ го уживаат владата на Заев предизвика значителна недоверба во судството меѓу граѓаните, како што е наведено и од страна на ОБСЕ во својот прв извештај за евалуација на работата на Специјалното обвинителство.
,,Ова, како и секојдневните корупциски скандали на вицепремиерот Кочо Анѓушев и неколкумина други министри, го објаснуваат во голема мерка во резултатот на референдумот од 30 септември за Преспанскиот договор, бидејќи граѓаните се повеќе чувствуваат дека новиот режим базиран врз корупција и клиентелизам го заменува стариот режим.
Оваа влада веќе не е кредибилна. Итното разрешување на Бујар Османи и другите министри осомничени за корупција треба да го отвори патот за формирање на техничка влада која ќе ги има потребните бројки за усвојување на уставните реформи неопходни за спроведување на Договорот од Преспа и остварување на целосна еднаквост на заедниците во Република Македонија, пред државата да оди на нови избори. Недејствувањето на премиерот Заев сега, ќе ја поткопа уште повеќе довербата на граѓаните во спремноста на владата за интеграција во НАТО и ЕУ и на овој начин би го загрозила процесот инициран на 27 април 2017 година за трајно укотвување на Македонија во западот”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

