Македонија
Алијансата за Албанците: Владата да се откаже од „Опен Балкан“
Алијансата за Албанците го поздрави повторното започнување на Берлинскиот процес од страна на канцеларот на Сојузна Република Германија и постигнатите договори вчера меѓу шесте земји од Западен Балкан под водство на германската Министерка за надворешни работи Аналена Баербок.
„Договорите за взаемно признавање на универзитетските дипломи и професионалните квалификации се многу важни за материјализирање на Заедничкиот регионален пазар. Но, политички најзначајниот договор е без сомнение оној за слободно движење со лични карти меѓу шесте земји од Западен Балкан, што значи уривање на последниот визен ѕид преостанат во регионот, тој меѓу Република Косово и Босна и Херцеговина.
Ова достигнување уште еднаш потврдува дека Берлинскиот Процес е единствената рамка за економско-политичката интеграција на регионот, решавањето на преостанатите пречки за постигнување на Заедничкиот регионален пазар и единствениот пат за постепена интеграција на Балканот во Единствениот европски пазар.
Докажано е дека проектот Отворен Балкан не придонесува во зголемување на регионалната соработка, но, напротив ги продлабочува раздорите и негативно влијае во вистинската интеграција на регионот минирајќи ја имплементацијата на Заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот Процес. Ова се потврди и од Извештајот за прогресот 2022 година за Северна Македонија, во кој се оценува дека имплементацијата на четирите слободи на движење на Единствениот пазар останува меѓу најслабите точки на европските реформи во земјата.
Затоа, ја повикуваме владата на Северна Македонија од сега па натаму да ја посвети целата своја енергија на спроведувањето на акцискиот план 2021-2024 година на Заедничкиот регионален пазар. Импровизациите и авантурите во паралелни, исклучувачки процеси и кои водат кон еден Западен Балкан со две брзини мора веднаш да се прекинат“, се наведува во соопштението на Алијансата за Албанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

