Македонија
Алијансата за Албанците нуди 10 предлози за намалување на егзодусот на лекарите
Во последните неколку дена повторно сме сведоци на нов егзодус на лекари, овој пат од Тетовскиот Регион, кој ако продолжи со овој тренд, во иднина ќе предизвика сериозни последици во локално ниво, но и пошироко создавајќи можности за хаварија во здравствениот систем на Македонија, кој и така е болен, особено во последната деценија. Комисијата за здравство на Алијансата за Албанците внимателно го следи ова прашање и по многу анализи и обработка на информациите, во оваа акутна фаза го предлага пакетот 10, кој треба да се инкорпорира во новиот долгоочекуван Закон за здравствена заштита, кој е во подготвителна фаза. „Пакетот 10 не е магично стапче, но е сериозен обид и алатка за решавање на проблемот преку мотивирање на младите лекари за вработување и кариера во нивната матична земја“, смета Алијансата за Албанците.
Партијата предлага во што пократок рок да се подготви електронска здравствена мапа на јавните здравствени установи за на транспарентен начин да бидат прегледни слободните работни места. Сите млади лекари да се вработат веднаш, а како главни критериуми да бидат успехот во тек на студиите и потребите на здравствениот систем на Македонија. Сите млади истакнати лекари да се ангажираат во Универзитетскиот клинички центар во Скопје и клиничките болници во Тетово и Штип.
Во забрзана постапка да се изедначат коефициентите за платите на лекарите и судиите. Минималната плата на лекарите да изнесува 50 000 денари, а дежурствата да се плаќаат не помалку од 3 000 денари. На сите лекари кои изразуваат интерес за специјализација државата да им даде гаранција дека по 5 години работно искуство да можат да запишат специјализација и истата да ја почнат со целосно финансирање од Министерството за здравство, како и итно да се прекинат приватните специјализации за државјани на Македонија. Да се подобрат условите за работа, да се обезбеди правна и физичка безбедност со донесување на законот за правата на лекарите, се вели во предлогот.
Исто така, се бара Лекарската комора со сиот капацитет да се вклучи во решавање на проблемот, а не да игра улога на пасивен набљудувач. Оваа институција да обезбеди поволни кредити за младите лекари со цел да се обезбедат оптимални услови за живот на младите лекари и нивните семејства. Медицинските факултети во земјата еднаш годишно да организираат „Ден на кариерата” ссо цел студентите во последните години на студии да се запознаат со можностите за вработување и напредување во кариерата во здравствениот систем на Македонија и Владата да организира итна средба со агенциите посредници (brain-hunters) и да влијае на начинот и содржината на презентација на условите за работа на младите лекари кои аплицираат за работа надвор од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

