Македонија
Амбасадорот на Велика Британија во посета на Општина Чаир
Проектите за стимулирање на диверзитетот за креирање едно општество што треба да опстојува врз темелите на меѓусебното почитување помеѓу различните култури и за правилното едуцирање на младите генерации во духот на прогресот се неизбежни приоритети кои се дел од работните маси на институциите и тема на нивната професионална соработка. Токму во рамките на активностите на проектот „Зајакнување на отпорноста против насилниот екстремизам“, реализиран под раководство на организацијата Centre for Common Ground, кој се стреми кон реализирање на токму овие цели, се реализира денешната работна средба помеѓу градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, и aмбасадорот на Велика Британија, Рејчел Галовеј.
Градоначалникот Ганиу ја извести британската амбасадорка за актуелните предизвици во функционирањето на Општината, стратешките приоритети и изрази силна подготвеност за зајакнување на соработката во полза на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, без разлика на нивната етничка и верска припадност преку имплементирање проекти што ги промовираат највисоките принципи на соживот. Амбасадорката изјави дека раката на помошта на Велика Британија за прогресивниот развој на општините во земјата ќе биде секогаш испружена.
По средбата, тие заедно го посетија Основното училиште „Хасан Приштина“, каде што учениците и раководството на училиштето, предводено од директорот Љуљјета Ќерими, со ентузијазам ја пречекаа амбасадорката и сè беше спремно за одржувањето на турнирот во шах како еден од активностите на проектот за иницирање на мултикултурната интеракција помеѓу децата. Градоначалникот на општина Чаир по повод овие активности изјави: „Се чувствувам навистина благодарен што овој проект ги опфаќа токму основните училишта на општина Чаир бидејќи едуцирањето на новите генерации во прозападниот дух и засадувањето на љубовта кон спортот кај нив како област на здравиот физички и психички развој, ќе го оневозможи влијанието на каква било девијатна појава, ќе го поттикне нивното дружење, но и почитта еден кон друг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Добрина на дело: Чудната санка на Дедо Мраз дели пакетчиња во Скопје
Андреј Миневски и неговите соработници деновиве ги израдуваа дечињата од училиштето ОУРЦ „Иднина“, лицата од ЦПЛИП „Порака“ како и дечињата кои ги сретнаа попатно по скопските улици од социјално ранливи групи.
Следно, в понеделник ќе ги посетат и дечињата од ОУРЦ „Златан Сремец“.

Денеска , 27 декември, чудната санка и бучните ирваси ќе може да ги сретнете на следните локации: Плоштад Автокоманда од 17 и 10 до 18 часот, Зоолошка градина Скопје од 18 и 10 до 19 часот и Скопје Сити мол, пред источен влез, од 19 и 10 до 20 часот.
Оваа благородна хуманитарна акција е идеја на Андреј, кој реши да контактира приватни компании, да собере средства и да направи пакетчиња со кои ќе ги израдува дечињата.


„Секое детенце кое тимот ќе го сретне низ улиците на нашиот убав град Скопје, ќе проба да го израдува барем за момент. Чудната санка на Дедо Мраз полна со пакетчиња е тука за секо детенце да го потсети дека секоја желба еден ден може да биде остварена и дека празниците се за сите“, вели Андреј.
Инаку, низ градот Дедо Мраз може да го забележите со новогодишно украсено комбе, внатре полно со пактчиња.

„Дедо Мраз и следната година ќе продолжи да работи со општествено одговорни компании. Се надевам дека семејството на соработници ќе се зголеми и дека на тој начин со вредните џуџиња ќе успееме да обезбедиме бесплатно пакетче за секое дете. За следната година ги повикувам да се приклучат и други фирми и компании, па целата иницијатива да прерасне во традиција која носи среќа и насмевка на лицето кај секое детенце. Секој придонес, голем или мал, може да направи значајна разлика. Добрината е дел и од работата, оваа година десетина приватни компании донираа средства за пектчињата“, вели Андреј.
Македонија
Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време.
По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција.
Македонија
Охриѓани ги разбуди земјотрес
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03:18 часот.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје.

