Македонија
Амди Бајрам номиниран за претседател на Европската ромска партија
Амди Бајрам, како човек кој е долги години гласноговорник, чинител и инспирација за младите Роми во светот, е номиниран за претседател Европската ромска партија, информирал Јован Дамјановиќ од Светската организација на Ромите на денешната средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Дамјановиќ исто така истакал дека основањето на партијата и именувањето на нејзиниот претседател ќе бидат официјализирани на конгрес на кој ќе учествуваат претставници на Ромите од над 25 земји.
Како што соопштуваат од прес-службата на Собранието, Џафери истакнал дека Република Македонија е држава која придава особено внимание на статусот на Ромите. Тој рекол дека има аспекти коишто треба да бидат препознаени како успешен пример, но и дека како претставници на народот имаат уште доста работа за да се задоволат сите аспекти на живеењето на ромската заедница во општеството, особено нагласувајќи ги сферите на образование, инфраструктура, здравство.
Претседателот и амбасадорот за мир на ветската организација на Ромите, Јован Дамјановиќ, истакнал дека му претставува задоволство што е во Република Македонија, држава чии граѓани уште одамна ги прифатиле Ромите како еднакви сограѓани, држава која е единствена во регионот со ромска општина, држава која е редок пример и за многу поразвиени држави во Европа, заради фактот што одамна има пратеник од Ромската заедница во своето Собрание.
На средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија покрај Јован Дамјановиќ, во делегацијата на Светската организација на Ромите учествувале и заменик-претседателот, Дејвид Романо и членот на Комисијата за европски прашања, Ивица Петровиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

