Македонија
Ангелоски: Машинскиот факултет создава кадар кој ќе ја гради иднината на нашата земја
Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го прослави 65-годишниот јубилеј со свечен Научно наставен совет. Деканот на Машински факултет д-р Златко Петрески го отвори настанот, на кој беше присутен Трајан Ангелоски претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, заедно со Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проректорите, професорите на Машинскиот факултет и останатите вработени на факултетот, како и партнери од индустријата кои заедно го одбележаа овој јубилеј размислувајќи за децениската академска извонредност и придонес во научната област во Република Северна Македонија.
За својата посветеност кон развојот на научната мисла и мисијата на создавање на стручни и професионални кадри, во 1984-та година на Машинскиот факултет му е доделена наградата 11-ти Октомври, како највисоко општествено признание за особено значајни остварувања во областа на науката.
Низ годините, започнувајќи уште од самото формирање, Машинскиот факултет оформи свои специфичности кои во најголем дел се поклопуваат со визиите на неговите основачи, специфичности кои го рефлектираат стекнатото искуство на одговорно работење и пристап кон постојан раст и развој.
Факултетот денеска во својот состав има шест институти и еден оддел, а секој од институтите располага со соодветно опремени лаборатории кои ги има вкупно 20 на број. На Факултетот досега дипломирале 8.891 инженер, од кои 827 магистрирале, а 185 докторирале.
Во моментов Машинскиот факултет има капацитет да едуцира 1.200 студенти на 10 студиски програми на првиот циклус на студии, 100 студенти на 15 студиски програми на вториот циклус и 20-тина студенти на третиот циклус на студии.
„Како Декан на факултетот, ве уверувам дека ќе направиме сѐ што е во наша моќ Машинскиот факултет и во иднина да остане во тек со светските трендови кои се случуваат во науката и едукацијата во полето и областите кои се предмет на наш интерес. Ќе продолжиме посветено да работиме на создавање кадри кои ќе бидат способни да ја носат иднината на грбот на своите компетенции и знаења“, истакана Петрески.

На настанот во своето обраќање Ангелоски посочи „Инвестициите во личната и колективната едукација се неопходни за достигнување на личните и професионалните успеси. Во областите на мојот професионален ангажман континуираната едукацијата безусловно е потребна заради комплексноста и интердисциплинарноста на прашањата со кои се соочувам особено во менаџирањето на семејната компанија во сектор машинска индустрија која ја водам повеќе од 20 години. Секогаш сум инспириран да научам нови нешта и да стекнам нови вештини со кои креирам нови визии за развој на бизнисот на патот кон достигнување на поставените компаниски цели,Со растот на технологиите, глобализацијата и конкуренцијата, сопствениците на компании, и менаџерите и сите оние кои сакаат да напредуваат мораат да се надградуваат со нови знаења и вештини за да ги водат компаниите кон успешен и продуктивен развој“.
Прославата имаше клучни говори од истакнати алумни и индустриски лидери, а настанот, исто така, послужи како платформа за откривање на идните иницијативи насочени кон одржување на наследството на извонредност на факултетот и поттикнување на следната генерација инженери, кој ја истакна неговата богата историја и придонес во оваа област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и по неисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците
Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка на ризикот од корупција и проверка на законодавството за спречување на корупција. Претседателот на Државната комисија за спречување корупција(ДКСК), Адем Чучуљ вели дека ќе настојуваат да најдат системски решенија против корупција и во секторот животна средина.
„Исклучително ни е драго што со нашите партнери од РАИ сме дел од овој проект кој опфаќа значајна системска активност за детектирање ризици од корупција во две значајни области, тоа се внатрешни работи и животната средина и исто така антикорупциска проверка на легислативата во овие две области. Целта е системски во овие области да се детектираат соодветните проблеми и да се изнајдат механизми за нивно надминување односно преку системски решенија да ја спречиме корупцијата во овие две области“, рече претседателот на ДКСК, Чучуљ.
Директорот на РАИ, Алберт Хани вели дека по секторите култура и образование, на кои веќе работеле, сега на ред се безбедноста и животната средина кои се идентификувани како ранливи кај нас, а тие се тука да помогнат на државата да развие механизми за справување со корупцијата.
„ Механизми постојат, затоа и постоиме ние, да им помогнеме на државите да развијат механизми со кои ќе се справуваат со корупцијата, механизми кои ќе значат едноставно да се креира состојба во која договорите за корупција ќе бидат многу поскапи, многу потешки, многу понеисплатливи и секако ненаградувачки договори“, рече директорот Хани.
Претседателот на ДКСК, Чучуљ, кажа дека во завршна фаза е носењето на новата национална стратегија за спречување корупција во која се детектирани ризици во седум сектори меѓу кои е и животната средина. Од новата стратегија тој очекува да биде поприменлива, да го зголеми надзорот, но и да детектира одговорност за нејзина непримена. Стратегијата треба да боде донесена до крајот на овој месец.
Македонија
Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која на дневен ред беше минималната плата. Тој обвини дека власта на мала врата пробува да утврди усогласување на минималната плата за околу 1.600 денари.
„Жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став, а тоа е минималната плата само законски да се усогласи и да не се зголеми“, вели Трендафилов.
Тој најави дека протестите ќе продолжат на средината на март. „За жал, борбата продолжува повторно на улица на средина на март“, објави Трендафилов.
Премиерот, Христијан Мицкоски, претходно информираше дека на денешната седница на Економско-социјалниот совет на дневен ред била Информација за висината на минималната плата.
„Денеска на дневен ред е информација за висината на минималната плата, која ќе биде во 2026 година согласно закон. Очекувам на следната владина седница да го поминеме ова и како Влада и потоа нормално согласно висината на минималната плата од април за март да почне истата да се исплатува“, истакна Мицкоски и додаде дека очекува бипартитниот дијалог меѓу работодавците и работниците да продолжи во иднина да се интензивира.
Македонија
(Видео) СДСМ бара одговорност од власта за шверцот со петте тони дрога
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција побара одговорност од актуелната власт во врска со, како што рече, најголемиот нарко скандал во регионот, по заплената на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија.
Таа посочи дека повеќе од еден месец нема одговори како толкава количина дрога ја поминала границата и кој од врвот на власта ќе понесе одговорност.
Според Кузеска, од досега достапните информации произлегува дека станува збор за високо организирана криминална група која, како што рече, не можела да функционира без поддршка од лица на највисоки позиции во власта.
Кузеска наведе три клучни аспекти за кои, според СДСМ, треба да се утврди одговорност.
Првиот се однесува на локации во околината на Свети Николе, каде што, како што тврдеше, се вршел претовар на дрогата. Таа рече дека од фабрика во кругот на ОХИС „Алфафарм“ дрогата била транспортирана без полициска придружба, прашувајќи кој го дозволил тоа и зошто не биле извршени контроли.
Вториот аспект се однесува на начинот на пренос преку граница, при што, според неа, дрогата била препакувана како перници. Таа праша како, и покрај скенерите и контролите, пратките ја поминале границата, посочувајќи дека одговорност треба да се бара и кај царинските служби.
Третиот аспект, според Кузеска, е поврзан со информациите дека пратката завршила во магацин на локални функционери на српската СНС, за која рече дека е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, при што посочи и на наводни блиски врски со српски функционери.
„СДСМ нема да дозволи овој случај да се заташка“, изјави Кузеска, додавајќи дека не смее одговорноста да заврши само кај магационери, превозници и сопственици на фирми, туку, како што рече, мора да се утврди кој од власта ќе одговара.

