Македонија
Андоновска: Директорот на ФЗО нема слух за забелешките на докторите
Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев секој ден сѐ повеќе го уништуваат здравство, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата обвинува дека никој од надлежните не мисли на здравството, а тоа го покажува и последниот, како што рече, дрзок однос на Фондот за здравствено осигурување кон стоматолозите и матичните доктори.
„Министерот за здравство, Венко Филипче, како да не е министер за здравство, туку министер за лаги и манипулации на граѓаните и здравствените работници. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, треба да се засрами од договорите што им ги нуди на матичните стоматолози и доктори. Дали немањето слух за многуте забелешки што ги имаат докторите е директна порака од страна на Ден Дончев, која буквално би значела – прифати го договорот или затвори ја ординацијата“, рече Андоновска.
Таа додаде дека односот на директорот на Фондот е непрофесионален, некоректен и не придонесува за унапредување на здравството и здравствената фела.
Исто како и на матичните лекари, вели Андоновска, така и на стоматолозите им се понудени најлоши услови за работа со Фондот за здравствено осигурување. Со екстремната казнена полититика кон стоматолозите се удира и врз граѓаните, односно пациентите.
„СДСМ и Заев во изборната програма ветуваа реформи што здравствените работници посакуваа да бидат реалност. Но, за жал, реалноста, која е резултат на нивното владеење, е сосема спротивна од она што го ветуваа. Само лаги и неспособност од нивна страна! На стоматолозите им ветија зголемување на капитацијата од пациент од 40 на 70 денари. Нудеа основни бесплатни стоматолошки пакети за секој матичен пациент.
Ветуваа дека ќе најдат решение за хиперпродукција на кадарот, ветуваа проширување на мрежата. И не толку одамна слушнавме ветување дека пациентите ќе може да се евидентираат на име на ординација, а не на име на доктор.
Замислете, ветија зголемување на финансискиот надоместок во секундарната специјалистичка стоматологија по примерот на секундарната медицина“, заклучи Андоновска од ВМРО-ДПМЕ.
Опозицијата апелира до надлежните институции да не бидат незаинтересирани за актуелните барања и потреби на здравствената фела, да повикаат претставници на разговор за да ги прифатат и имплементираат нивните барања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

