Македонија
Андоновски: Агенцијата за европски образовни програми и во време на епидемија работи незаконски
Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во време на епидемија работи незаконски и побара оставка од директорката Лидија Димова.
Тој рече дека и претходно ВМРО-ДПМНЕ предупредувало за сомнителни тендери од стотици илјади евра за саморекламирање на Агенцијата, доделување средства на едни исти организации, исплати кон лица блиски на СДСМ и директорката Лидија Димова, како и бројни други нерегуларности.
„Во време на криза, забележливо е дека Агенцијата повторно има незаконитости во работењето. Имено, директорката Димова пуленот на Заев од Шарената револуција навреме не поднела завршна годишна сметка до Централниот регистар. Со тоа, Димова не го испочитувала законски утврдениот рок за доставување на годишна сметка и финансиски извештај кој истекува во месец март. До минатата недела, институцијата се водеше како неактивна и може да уследи бришење од регистарот. До нас, но и до сите државни институции викендов пристигнаа информации за огромни незаконитости и сомнително финансиско работење на Националната агенција“, рече Андоновски.
„Јавно ја прашуваме Лидија Димова: Дали годишната сметка не е поднесена во законски определениот рок затоа што од благајната на Агенцијата недостасуваат десетици илјади евра кои не може да се оправдаат? Дали постои Изјава дека лице блиско на Лидија Димова лично и неосновано ги зело парите од службената благајна, но за тоа сеуште нема никаква постапка во ниедна институција? Дали Димова исплаќала експерти, нејзини блиски соработници и активисти на СДСМ, кои воопшто не се појавувале на настаните организирани од Националната агенција? Дали Димова набавила возила во износ од 100,000 евра кои не се употребуваат за потребите на Агенцијата, туку за лични потреби? Дали дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени во доцните ноќни часови од лица блиски на Лидија Димова?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е надлежна за распределба на фондовите на Европската унија во областа на образованието, мобилноста, како и невладиниот сектор – познати под името Еразмус+.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

