Македонија
Андоновски: Владата покажа дека фронтот за ЕУ е лажен, Владата е лично одговорна за немањето напредок во извештајот на ЕК
Има причина зошто Владата не организира помпезни прослави, музички настани, долги прес-конференции и панел-дискусии, на кои се фали за успесите во своите евроинтеграции, коментира секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.
На прес-конференција Андоновски рече дека Владата јавно покажа дека фронтот за ЕУ е лажен фронт. Очигледно е дека во евроинтеграциите, вели тој, поголем проблем станаа корупцијата и нефункционалниот систем од билатералните проблеми што ги има Македонија.
„Владата е лично одговорна за лошите оценки. Адресата за тоа кој е одговорен за немањето напредок е на ‘Илинденска’. Залудно Османи се крие зад опозицијата. Залудно Маричиќ ја прозива ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и ДУИ се оние што пред пет години ветија реформа на јавната администрација и нови закони и до денеска не реализираа. И денес јавната администрација е попартизирана, кронизирана, полна со непотизам, партиски избрани членови за вработени. И денеска јавната администрација нема нови закони за висок раководен менаџмент, нема закони за управување со јавната администрација, воопшто нема желба за реформи во јавната администрација. СДСМ и ДУИ бираа членови на Судскиот совет, кои потоа бизарно беа разрешувани. Извештајот јасно покажува дека нема прогрес во правосудството. А потоа извештајот ги набројува оставките на високите функционери во Судскиот совет, голем дел предложени од СДСМ. Извештајот ги нотира и обидот за отстранување на камерите од состаноците на Судскиот совет и контроверзното разрешување на експретседателката на Советот“, рече Андоновски.
Додаде дека првпат извештајот јасно ги набројува законите со кои се злоупотребува европското законодавство.
ВМРО-ДПМНЕ заклучува дека се работи за извештај за стагнација, а не за напредок, со оглед на тоа што зборот стагнација или нема напредок е најзастапениот збор во извештајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

